Насловна / Вести / ЕУ очекува квалитетни проекти од Западен Балкан за инвестицискиот план од 9 милијарди евра

ЕУ очекува квалитетни проекти од Западен Балкан за инвестицискиот план од 9 милијарди евра

Основните области кои ги опфаќа Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, опфаќаат меѓу останатото: одржлив сообраќај, чиста енергија, заштита на животната средина и климатски промени. ЕУ се надева дека со спроведување на планот вреден 9 милијарди евра, ќе помогне да се обезбедат уште 20 милијарди евра инвестиции, изјави претседателот на Европската Комисија von der Leyen, во текот на незјината посета на земјите од Западен Балкан. Таа истакнува дека во текот на 2021 во рамките на планот веќе се доделени 500 милиони евра, а уште 600 милиони евра ќе бидат доделени до крајот на годинава.

Visite d’Ursula von der Leyen, présidente de la Commission européenne, au Monténégro

Планот кој е усвоен минатата година, опфаќа проекти за гасни интерконекции Босна и Херцеговина – Хрватска, Македонија – Косово и Македонија – Србија, во рамки на напорите да се запре со користењето на јагленот.  Во Македонија,  планот предвидува и финансирање за постројката за третман на отпадни води во Скопје, како и инвестиции во ветерни паркови и соларни електрани. Економскиот и инвестициски план содржи и предлог на Европската Комисија за проширување на програмата Renovation Wave и врз земјите од Западен Балкан. Оваа програма е наменета за подобрување на енерегтската ефикасност на зградите.

eu1

 

Испрати коментар

Scroll To Top