Насловна / Саеми / Италијанската гордост повторно на тест!

Италијанската гордост повторно на тест!

italijanskata-gordost-povtorno-na-test-4.jpgОд 17 до 22 април очите на светот и на трендсетерите беа свртени кон
51-то издание на "И Салони" кој опфати 2.700 италијански и странски
изложувачи. Овој светски настан во Милано беше составен од Меѓународниот
салон за мебел, Меѓународниот саем за домашни аксесоари, Салоне
Сателите (дисплеј на млади дизајнери и револуционерни иновации и
концепти), интернационалната изложба за кујни, како и светската изложба
на бањи.

Сето ова претворено во бројки би звучело вака: преку 331.649 посетитиели за четири дена, 292.370 оператори на штандовите, од кои 103.791 италијански, додека 188.579 странски, на преку 142.776 квадратни метри штандови. Преку 6.500 припадници на пресот од целиот свет известуваа за најновите трендови и случувања од оваа индустрија. Милано во април живее во духот на "И Салони". Овој светски саем, кој постои уште од 1967 година, обединува повеќе случувања од областаitalijanskata-gordost-povtorno-na-test-1.jpg на уредување на домот. На двегодишен интервал "И Салони", паралелно со мебелот, претставува изложувачи на кујни и бањи, како и изложувачи на светло (еуролуче) и канцелариски мебел (уфичо), кои ги очекуваме на следната едиција од 9 април 2013 година. Домаќин на овој настан е Фиера Милано Ро, новиот саем кој се простира на повеќе од 345.000 квадратни метри внатрешен изложбен простор, како и 60.000 квадратни метри надворешен простор. Со вкупна површина од 405.000 квадратни метри, Фиера Милано е можеби најголемиот саемски простор во светот. Објектот е лоциран помеѓу периферните градови Ро и Перо во западната зона на Милано.

 

Отворен е како последица на миграција од претходниот реон кој се вика Фиера Милано Сити (блиску до Паркот Семпионе) каде до 2005 година беше одржуван овој светски настан. Архитектонскиот потпис на осумте павилјони и нивното интегрирање во единствен комплекс го стави римскиот архитект Масимилијано Фуксас, а инвестицијата за изградба на овој мегаобјект чинеше околу 755 милиони евра. Поврзаноста со градот е одлична, посетителите можат да пристигнат со автомобил преку автопатот А4 како и со локалната метро линија директно од центарот на Милано. Во 2015 година Фиера Милано Ро ќе биде домаќин на светската изложба "Експо 2015". Овој настан не е единствен кој живее во духот на дизајнот во април, во Милано.

 

Вибрациите што ги пренесуваа стотиците илјади гости, кои го "напаѓаа" Милано, се ширеа низ целиот град кој во текот на саемот ги претворија сите полујавни објекти во јавни. Односно, во авангардните зони како Ламбрате, Брера и Тортона сите локали, ателјеа, студија, кафе-барови се italijanskata-gordost-povtorno-na-test-2.jpgпреполнија со инсталации и изложби на ултрамодерен мебел и додатоци за ентериер. Се презентираа најновите иновации и светски достигнувања во областа на дизајнот, преку поставки на илјадници дизајнери и уметници од цел свет. Познатиот вебсајт Дезен ком имаше свое улично студио кое направи десетици јавни интервјуа со познати дизајнери и архитекти, како на пример Том Диксон, Заха Хадид и многу други. Сето тоа надополнето со целовечерни забави кои низ улиците на тие зони ги оставија граѓаните на Милано без сон.

 

ИНОВАЦИИ И НОВОСТИ

 

По април, светската сцена за дизајн доживува ресетирање и одново почнува да се преиспитува. Милано е тест полигонот каде се лансираат најголемиот број на дизајните. Впечатокот на посетителите, можеби е најголемото мерило дали некоја иновација ќе се претвори во сериско производство или пак дали некој млад дизајнер ќе се најде во светските списанија и неговото име ќе стане престижно, односно бренд. Најголем показател беше огромниот интерес за делот од саемот што се вика "Салоне Сателите" и е додаток на главниот настан. Тука учествуваа млади дизајнери на мебел, концепти и на светло, кои ги презентираа своите иновации. Со внимателно пребарување по "купиштата" прекрасни работи успеавме да видиме некои генијални дизајни. Еден од примерите се младите Французи, креатори на линијата мебел за екстериер Фугу, со својот слоган "во воздух веруваме", додека пак младиот кинески дизајнер Жоује Жанг, со својата иновативна лабораторија за параметарски дизајн, ги претстави своите фасцинантни концепи на виткан челик инспирирани од таоизмот, односно Ву Веи филозофијата. Жоује вели: "Процесот е многу поважен од резултатот, приказната е поважна од исходот, додека пак потенцијалот е поважен од практичното".

 

Студио "45кило" е група од двајца германски дизајнери, кои по завршување на своите студии во Вајмар се ориентираат на дизајнирање предмети за ентериер. Од генијални маси до функционални светилки, Филип Камил Шопфер комбинира индустриски дизајн преку индустриски процес и материјали креирајќи, преку својот специфичен визуелен јазик, многу редуцирана и едноставна форма.

"Грејге" е нов дизајнерски бренд од Рим инспириран од страста и визуелната леснотија. Нивниот слоган ја дообјаснува нивната филозофија и вели: "To furnish pleasure". За тимот на "Грејге" секоја линија и секој агол се од круцијално значење. Тоновите и текстурите одвиткуваат заводлива композиција со неодолива перспектива, како онаа на ламбата Кала. Сите дизајни ги произведуваат рачно во Италија.

 

italijanskata-gordost-povtorno-na-test-3.jpg

Во селекцијата на модерен дизајн, како и според ергономија и иновација може да ја издвоиме фирмата "Вариер" од Италија. Оваа фирма е позната по својата фотелја "гравити", како и иновациите во ергономијата и начинот на седење поставени со оперативната столица "актив" која достигна светска слава. На овој штанд зборувавме со сопственикот на "Вариер", господинот Ангело Мандрини. На прашање што го прави различен од другите компании, Ангело ни рече: " Нашите продукти се единствени во светот, секое парче мебел кое го продуцираме подлежи прво на огромен број тестови од неколку големи медицински институции од Германија. Ергономијата при седење е круцијален фактор на развитокот и задржување на правилната форма на телото. Нашето тело е дизајнирано да седи под агол од 110 степени. Секоја столица не тера телото да го поставиме во 90 степени позиција, па затоа ги повлекуваме нозете наназад под столчето. Тоа е многу неправилно. Столицата "актив" е револуционерно октритие прифатено од најголемите светски компании. Пробајте го седењето за да видите што зборувам…". Го пробавме, потврдено. italijanskata-gordost-povtorno-na-test-4.jpg

 

Компанијата "Дитре Италија" со својата поставка ги плени посетителите. Тапацираниот мебел кој го нуди е единствен на светскиот пазар и се вбројува во високата класа. Преку своите револуционерни концепти на исполна и ергономско удобно седење, "Дитре" ги надмина сите свои современици. Софите на "Дитре" ги коментираше господин Нардезе, агент за продажба: "Со првиот ден на нашето претставување на саемот доживеавме преродба. Ние не треба повеќе никому да се докажуваме, нашите клиенти ни подараија 100% доверба"! Едно несекојдневно искуство беше штандот на фирмата за ексклузивен класичен мебел "Џамбо", што може слободно да се каже дека е најценетата и најквалитетната фабрика за производство на класичен мебел во светот. Штандот беше илјадници квадратни метри со огромни простории уредени во нивни стил. За референца ги имаа резиденциите на најголемите светски магнати и олигарси, како и кабинетот на рускиот премиер Путин. На штандот на "Џамбо" не можеше да се влезе без покана и без придружба. Класичниот амбиент на колекцијата "Џамбо" ги плени дури и оние "најзакоравените" минималисти. Екстравагантноста на уредениот простор беше надополнета со шест-цифрените цени по парче мебел изразени во евра. Цените се добиваат само преку специјален агент и не се за сечие уво. За ориентација: тросед од колекција "Џамбо" чини помеѓу 50.000 – 100.000 евра. italijanskata-gordost-povtorno-na-test-5.jpgitalijanskata-gordost-povtorno-na-test-7.jpg

 

Атракција на овогодишниот "И Салоне 2012", според сите посетители, а и според официјалните резултати, беше поставката на Кавали. Дизајнерот за прв пат креира своја колекција мебел и оваа година беше вистински магнет за посетителите и медиумите. Секојдневно рецепцијата на поставката на Кавали добиваше преку 3.000 визит карти од интересенти. Ултраекстравагатноста на неговите дизајни, како и огромните цени ја прави таа колекција достапна на малкумина. Колекцијата е лимитирана, парчињата сè уште не се излезени од производство, а листата на чекање е долга (нормално за тие што можат да одвојат пет цифри евра по парче мебел). Од оваа година неговите дизајни ексклузивно ќе бидат застапувани од "Смарт Ливинг" во Македонија.

 

м-р Иван Мирковски, дипл.инж.арх. (Специјално за 3 од Милано)

Испрати коментар

Scroll To Top