Насловна / Ентериери / Ентериер како од романите на Жил Верн

Ентериер како од романите на Жил Верн

bistro zil vern romanija_2

Во овој паб сместен во романскиот град Клуј-Напока, мебелот е направен од бакарни цевки, измислени машини и целиот ентериер е во ретро-футуристички стил. Просторот е поделен на три одделни соби, а со влегување во него, гостите доаѓаат во еден нов свет на научна фантастика од романите на Жил Верн.bistro zil vern romanija_5

Внатрешноста изобилува со стотици необични декоративни елементи: ѕидот од тули во главната просторија е украсен со старински цртежи и слики; лустерите што висат од таванот се во облик на пајак и цепелин, а покрај масите се поставени различни механички предмети како еленска глава со монокл.

Светот на пабот е алтернативна реалност во која значајно место има и вкусната храна.bistro zil vern romanija_7 bistro zil vern romanija_6 bistro zil vern romanija_4 bistro zil vern romanija_3 bistro zil vern romanija_1

Испрати коментар

Scroll To Top