Насловна / Архитектура / Енергетски ефикасен облакодер

Енергетски ефикасен облакодер

Компанијата Adrian Smith + Gordon Gill Architecture (AS+GG) неодамна го претстави својот проект за новиот облакодер во градот Нанџинг во кина. Енергетски ефикасниот South HeXi Yuzui Financial District Tower висок 500 метри ќе го карактеризира привлечна форма која ќе го ублажи влијанието на ветерот. Реката Јангце и нејзиниот тек биле инспирација за облакодерот на чиј врв ќе се наоѓа опсерваторија на отворено од каде ќе се пружа поглед од 360 степени кон градот. Планирано е облакодерот да добие  LEED Gold сертификат (стандард на зелена градба). Фасадата ќе биде изработена од специјален вид стакло проектирано со цел да го намали продирањето на сончевата топлина во внатрешноста, а истовремено да обезбеди доволна количина на природна светлина.

Проектот се стреми кон севкупно намалување на енергијата преку комбинација на стратегии поврзани со намалување на оптоварувањето на системите за ладење, греење и осветлување, како и фасада со високи перформанси. Високоефикасниот систем на топлинска изолација е внимателно проектиран во склад со геометријата на зградата. South HeXi Yuzui Financial District Tower е дел од поголем проект кој ќе вклучува деловни кули од 100, 155, 220 и 350 метри, како и станбена кула од 86 метри.

Ninjang1

Ninjang2

Ninjang3

Ninjang4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top