Насловна / Архитектура / Енергетски ефикасен облакодер во Бостон

Енергетски ефикасен облакодер во Бостон

Облакодерот со мешовите намена  Pinnacle е проектиран од страна на компанијата Kohn Pedersen Fox Associates (KPF). Планиран е за Бостон, Масачусетс, и го карактеризира енергетска ефикасност, но со својата форма ќе придонесе и за намалување на сенката врз околината. Ќе се наоѓа во близина на централното бостонско пристаниште на местото на седумкатната гаража која сега го зафаќа тој простор. Висококатницата ќе достигне височина од 182m. На пониските катови ќе содржи малопродажни објекти, додека на повисоките катови ќе бидат сместени деловни простории и апартмани. Од надворешните тераси ќе се пружа поглед на пристаништето, но и на целиот град.

Закривениот облик на кулата е внимателно проектиран со цел намалување на сенката, додека нејзината стаклена фасада ќе биде обложена со нерефлектирачки премаз со цел да се намали отсјајот. Се планира добивање на  LEED Gold  сертификат. Во врска со тоа, се планира вградување на фотоволтаични панели, рециклирање на дождовницата и сивата вода, вградување на ефикасни системи з авентилација и водоводни инсталации со мали протоци.  Од KPF велат дека се посветени на создавање на  „отпорна“ архитектура која го ублажува своето влијание на ресурсите од околината, додека ги штити придобивките на заедницата. Додаваат дека овој проект е пример за холистички пристап во користењето на енергијата и намалувањето на емисиите на стакленички гасови.  Сеуште не познато кога ќе биде завршен проектот, додека буџетот изнесува 1,2 милијарди УСД.

Pinnacle1

pinnacle2

pinnacle3

pinnacle4

pinnacle5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top