Насловна / Вести / Првата електрична Dacia ќе стигне најрано во 2021 година

Првата електрична Dacia ќе стигне најрано во 2021 година

Групацијата Renault, во чија сопственост е романскиот автомобилски бренд потврди дека најдоцна за две години Dacia ќе има свое електричнен модел. Со оглед дека Renault веќе со години, во својата понуда има електрични модели, беше само прашање на време кога ќе ја насочи својата технологија и кон романскиот производител. Во плановите кои с еоднесуваат на периодот до 2022 година, се споменува лансирање на „целосно електричен“ модел кој се води како Dacia Urban City Car. Прецизно не се наведува кога ќе се појави овој модел на пазарот, но е кажано дека тоа ќе биде во периодот 2021-2022. Со оглед дека во описот на возилото стои дека станува збор за мал градски автомобил, една од можностите е тоа да биде препакуван електричен Twingo Z.E, кој од страна на  Renault  веќе е најавен за оваа година. Twingo Z.E. најверојатно ќе ја користи технологијата на електричниот Smart EQ ForFour,  со кој дели иста механичка платформа. Втората опција е електричната Dacia да биде европска верзија на веќе постоечкиот модел Renault City K-ZE  кој с епродава на кинескиот пазар. Во тој случај, романската фабрика би морала да изврши одредени модификации со цел исполнување на европските стандарди. Renault City K-ZE во Кина се продава за 8.000 евра.

dacia1

dacia2

dacia3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top