Насловна / Вести / Електричните возила мора да произведуваат бука

Електричните возила мора да произведуваат бука

Според правилата на Европската унија, кои од понеделник стапуваат на сила, новите електрични возила мора да имаат уред за производство на бучава со ист интензитет како возилата на на фосилни горива.
Овие правила се уведени затоа што автомобилите и комби возилата на електричен погон се премногу тивки и ги доведува во опасност пешаците, бидејќи не ги слушаат додека се приближуваат.

t2
Поради тоа новите типови електрични возила на четири тркала ќе мора да бидат опремени со уреди кои произведуваат звук како традиционален мотор.
Акустичниот систем за производство на звук (Avas) мора да се огласува веќе при минимална брзина од 19 километри на час и кога возилото се движи наназад.
Доколку возилото не се движи низ населено место на возачите им е дозволено да го исклучат поменатиот уред, пропишува новиот европски правилник.

t1
Хуманитарната организација за обука на кучиња водачи, меѓу првите се огласила со жалба дека електричните возила не се слушаат и ја поздравила оваа промена.
Од министерството за сообраќај соопштуваат дека е значајно сите корисници да имаат корист од „зелениот“ транспорт и дека ја разбираат загриженоста на луѓето со оштетен вид.
Од 2021. година сите автомобили на електричен погон мора да имаат Avas, а не само новите модели.
Британската влада најавила планови до 2040. година во потполност да се забрани продажба на нови бензиски и дизел автомобили и комби возила.
Возила на алтернативен погон во Великоа Британија сочинувале 6,6 отсто од пазарот на нови автомобили во мај годинава, во споредба со 5,6 отсто во истиот месец претходната година.

Испрати коментар

Scroll To Top