Доколку сте во потрага за годишен одмор со сончање и мирни бранови кои удираат на брегот, претставуваме дванест прекрасни плажи во Јужна Африка кои треба да се имаат во предвид.
Плажите кои ја красат Јужноафриканската Република се меѓу нејзините најпопуларни атракции и едни од најубавите, а во овој дел од светот ги има многу. Не случајно Јужноафриканската Република со векови била посакувана територија за европските држави, пред се Холандија и Велика Британија. Уште од 1652 година кога станала холандска колонија, за потоа во 1795 година дел од територијата биде колонизиран од Велика Британија. Конечно, по големите притисоци од светската јавност, апардхејдот е укинат во 1990 година. Во 1994 година се одржиле првите избори на кои Нелсон Мендела е избран за прв црн претседател на државата.
Camps Bay

Оваа плажа се наоѓа на листата најдобри плажи на светот, поради своето неверојатно оплружување и близина на други убави локалитети.
Dolphin Beach

Ако се земе во предвид името на плажата, јасно е дека на оваа плажа можат да се видат делфини кои си играат во брановите.
North Beach

Сместена во Дурбан, оваа плажа е популарна поради достапни спортови на вода. Нуди одличен ноќен живот и луксузни хотели.
Thompson’s Bay

Педесетина километри северно од Дурбан е прекрасниот град Балито. Мало, идилично градче со голема приватност бидејќи е опкружено со камен залив.
Kogel Bay или позната и како Koeelbaai

Плажата Kogel Bay се наоѓа на 70 километри од Кејптаун, популарна рута, која често ја посетуваат туристи кои се во потрага на китови.
Umhlanga Rocks

Неверојатна плажа во туристичкиот град Umhlanga, сместен на брегот на KwaZulu-Natal, доло време е многу популарна туристичка дестинација.
Nahoon Beach

Oваа плажа е рај за сурфер и пливач и веројатно е најпопуларната плажа во Источен Лондон.
Santos Beach

Santos плажата е обиколена со палми и нежно се спушта кон морето. Идеална е за мали деца поради плитката вода и многу малите бранови.
Clifton

Clifton е повеќе регион отколу една плажа. Всушност овој регион има четири плажи, а секоја од нив е идеална за туристите. Овде нема силен ветер, плажата е идеална за пливање во мирна вода и опуштено уживање.
Langebaan Beach

Оваа плажа привлекува внимание со своите уникатни камења и совршена клима за сурфање со змеј.
Thonga Beach

Една од најпопуларните плажи во Јужна Африка. На плажата ве чекаат бреговите на паркот iSimangaliso Wetland Park (природно наследство на УНЕСКО)
Kraalbaai

Лагуната Kraalbaai е идилична. Чиста, тиркизна вода, бел песок, јахти и приватност е она што ја карактеризира.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија