Насловна / Дневни Вести / Концесионерот на патиштата ќе се знае до крајот на годинава

Концесионерот на патиштата ќе се знае до крајот на годинава

janakieski-vo-krivogastani.jpgПрилеп – Засега ниту еден патен правец во државава не е даден под концесија. До крајот на август ќе се знаат компаниите кои ќе влезат во вториот круг, односно тие кои треба да дадат финансиска понуда. Се очекува концесионерот на македонските патишта да се знае до крајот на годинава. Станува збор за инвестиција од една милијарда евра. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Миле јанакиески,вели Јанакиески, кој кај Кривогаштани ги надгледуваше работите на реконструкцијата на патот Шрилеп – Кривогаштани.

Според министерот забрзано се подобрува патната инфраструктура во земјава. -Работите на 11-те регионални патишта во Македонија се одвиваат според планираното, вели тој и додава дека очекува до крајот на октомври да заврши реконструкцијата на сите патни правци.

Патот Прилеп – Кривогаштани е во должина од 22 километри и чини 2,3 милиони евра. Единаесетте регионални патишта во вкупна должина од 250 километри се едната фаза од изградба на инфраструктурата во Македонија со кредит од Светска банка. Заедно со општините ќе се реконструираат и 200 локални патишта што е другата фаза од проектот. Веќе 16 патишта од нив се завршени, уште на толку се работи, а на 60-тина ќе почнат активности во август и сите треба да бидат готови за две години. Меѓу нив е и патниот правец до прилепското село Канатларци.

Јанакиески појаснува дека во тек е реконструкција на 5 регионални патишта како што е патниот правец до Порече, обиколницата околу Охрид, која ќе заврши оваа година, патниот правец Струмица – Радовиш. Интензивно се работи на завршување на патниот правец Табановце – Куманово кој е дел од коридорот 10. В година, најави Јанакиевски, главно вниманието ќе го привлекува коридорот 10 и неговото целосно завршување. Во финална фаза се преговорите со Европската банка за обнова и развој и со европската инвестициска банка и дел од средствата од ИПА фондовите, вели Јанакиески. (МИА)

janakieski-vo-krivogastani.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top