Насловна / Вести / ЕИБ нема веќе да инвестира во проекти на гас, туку само во обновливи извори на енергија

ЕИБ нема веќе да инвестира во проекти на гас, туку само во обновливи извори на енергија

Европската инвестициска банка (EIB – European Investment Bank), порачува дека и покрај актуелната неизвесност со испораката на енергенти во ЕУ, повеќе нема да финансира проекти кои се однесуваат на природниот гас, туку ќе се фокусира на обновливите извори на енергија. Ова го истакнаа челниците на банката, на конференцијата „Регионален раст“ организирана во соработка со Европскиот парламент во грчкиот град Патрас.

regionalgrowth1

Оваа заложба доаѓа во време кога владите на 27-те земји членки на ЕУ бараат алтернативни начини за снабдување со гас. Од друга страна, професорот по нафтена геологија од Универзитетот во Патрас, Аврам Зелилидис, вели дека во краток рок е неопходно да се продолжи со експлоатација на гас и нафта во ЕУ, бидејќи граѓаните се тешко погодени со кризата, а за Green Deal треба да се размислува на долг рок.

regionalgrowth2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top