Насловна / Дневни Вести / Кинеска „лекција“ по градежништво

Кинеска „лекција“ по градежништво

china1_1432360i_pocetna.jpgЕдна од комплексот од 11 тринаесеткатници згради во елитната населба Лотосов брег, сместена покрај река во Шангај, се урнала уште пред да биде вселена од станарите. Откако ја изградиле зградата, изведувачите почнале да градат подземен паркинг. За таа цел тие направиле ископ од предната страна на длабочина од 4,6 метри.

Ископаната земја ја истурале на задната страна од зградата во височна од
10 метри, во непосредна близина на реката. На тој начин објектот се
нашол под притисок од задната страна, од големо количество земја тешко
околу 3.000 тони. Водата од силните дождови навлегла длабоко во почвата и
само ја усложнила ситуацијата. Притисокот не можеле да го издржат
шиповите и зградата се урнала на страната каде што беше ископан голем
простор за паркингот.
Епиогот, покрај материјалната штета, е еден загинат и деветмина уапсени,
меѓу кои претставници на инвеститорот, изведувачот и надзорот. Оваа
случка беше повод во Кина да се крене глас за корупцијата – за
градежната мафиозна спрега меѓу градежните компании и локалните власти.
Дотолку повеќе што истрагата утврдила дека компанијата изведувач не ја
обновила својата лиценца уште од 2004 година.

china1_1432360i.jpg china2_1432361i.jpgchina3_1432363i.jpgchina5a_1432366i.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top