Насловна / Вести / Едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет

Едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет

Македонското биолошко друштво и Институтот за комуникациски студии во рамките на камањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат научно-едукативен настан за значењето на урбаниот биодиверзитет. Настанот ќе се одржи во понеделник, 10 јуни, од 10 до 12 часот во Градскиот парк во Скопје (кај Школка).
На настанот ќе има отворената изложба на хербариуми, фаунариум и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија, а исто така ќе има и интерактивни активности и игри за ботаника и зоологија на без’рбетни животни.

bio
Сите заинтересирани за учество може да се пријават ученици од шесто до осмо одделение, кои треба да бидат организирани во тимови (по пет ученици во еден тим). Пријавувањето е најдоцна до 8 јуни (сабота) на botanicka.gradina.pmf@gmail.com или laboratorija210@gmail.com.

Бројот на учесници е ограничен на 50. За победниците ќе следи симболична награда, а останатите учесници ќе добијат сертификат за учество.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top