Насловна / Вести / Еден од најголемите градежни скандали – 30 години од идеја до отворање на аеродром

Еден од најголемите градежни скандали – 30 години од идеја до отворање на аеродром

Точно 30 години поминале од идејата до неодамнешното отворање на големиот аеродром во Берлин. Овој проект се смета за еден од најголемите скандали на германското градежништво. Но, поради тоа, никој досега не одговарал, пишува Deutsche Welle (DW).

berlin5

berlin4

Што претставувало најголем проблем? Познавачите на состојбите велат дека има толку многу проблеми, па би било погрешно било што да се издвои. Кога стручњаците ја анализирале состојбата после откажаното планирано отворање во 2012 година, утврдиле околу 120.000 пропусти. Меѓу нив биле: нефункционален систем за заштита од пожари, илјадници автоматски врати неприклучени на електрична енергија, гаражи со недоволно железо во армираниот бетон, произволно поставени кабли во недозволени комбинации и  сл. Биле потребни осум години за да се среди тој хаос. Отворањето на аеродромот Берлин – Бранденбург било одложувано шест пати. Трошоците за изградбата пораснале од 2,5 милијарди на над 7 милијарди евра. Како во Германија, земја на високата технологија, можело да се случат такви пропусти кај еден мега проект? На ова прашање се обиделе да одговорат три парламентарни истражни одбори. Прегледани се мноштво документи, сослушани стотици сведоци и на крајот е составен извештај на неколку илјади страници. Резултат: одговорните потфрлиле на сите нивоа, но првенствено проблемот е лоциран во нестручното политичко раководство.

Идејата за изградба на голем европски аеродром во овој регион, се појавила веднаш по обединувањето на Германија. По пет години планирање и пет години изградба, отворањето требало да биде во 2000 година, пред посакуваните Олимписки игри во Берлин таа година. Така гласела равенката која си ја поставиле политичарите на сојузно ниво. Јасно, подоцна нема ништо од Олимписките игри во Берлин, а политиката до 1996 година се занимавала со прашањето „каде да се гради аеродромот?“ За секој случај, државната компанија за изградба на аеродромот, за 350 милиони евра купила градежно земјиште на повеќе локации во Бранденбург. Поминале уште седум години во потрага по приватни инвеститори за проектирање, изградба и управување со аеродромот. Но, со оглед на огромните финансиски ризици, ниту една компанија не сакала да влезе во проектот без гаранции од државата. Во 2003 година, проектот бил пред пропаст. Но, политичарите, првенствено тогашниот градоначалник на Берин, никако не сакале да го дозволат тоа, па како сопственик влегува државата. „Ќе докажеме дека тројца јавни сопственици ќе можат да изградат еден таков проект“, рекол своевремено градоначалникот, а како меѓународна ознака за аеродромот била избрана кратенката  BBI. Дури во 2009 година, IATA заблежува дека ознаката BBI веќе е доделена на аеродромот Бубанешвар во Индија. Тоа е една ситница која добро се вклопува во тоа што еден долгогодишен член на надзорниот одбор, го изјавил за Spiegel во 2017 година: „во компаниите задолжени за изградбата, никогаш не се всели стручноста“.

berlin3

berlin2

Кога започнала изградбата, надлежните постојано имале нови барања и желби, кои архитектите и инженерите морале да ги вметнат во самата фаза на изградба: дополнителни меѓукатови, мостови за патниците, подрачја за угостителски објекти и сл. Се разбира, сето тоа не можело да мине без последици. Градилиштето веќе во 2009 година имало огромни натрупани проблеми и сериозно доцнење во сите рокови. Во 2010 година банкротирала компанијата задолжена за техничко опремување на аеродромската зграда. Планираното отворање во 2011 година се одложува, но само за осум месеци.

Главниот архитект, фон Геркaн, подоцна во својата книга Blackbox BER, заклучува дека термините за отворање се подесувале „според политичкиот календар“, најчесто со „прекратки рокови и наспроти отвореното противење на шефовите на градилиштето“.

berlin7

berlin6

На ваквата катастрофална состојба, политиката реагирала со префрлање на вината и низа смени. Секоја нареда екипа била на мака со постојаната потрага по градежната документација, со цел да ги ажурираат сите измени и конечно да ја завршат изградбата. За сите овие пропусти никој не бил повикан на одговорност.

 

Испрати коментар

Scroll To Top