Насловна / Вести / Монтреал гради мостови со 70.000 рециклирани стаклени шишиња

Монтреал гради мостови со 70.000 рециклирани стаклени шишиња

Градот Монтреал во Канада ќе има два моста направени од рециклирано стакло од шишиња, до 2021 година. Еден од двата моста веќе е во фаза на изградба, а другиот се очекува да биде завршен наредната година. Според информациите од управата на градот, проектот ќе употреби околу 70.000 стаклени шишиња за да ги направи двата моста на Nuns’ Island, и да ги замени веќе истрошените постоечки мостови. Ова е фантастичен пример на thinking outside of the box, кога станува збор за рециклирањето, архитектурата и инженерството.  Градот веќе се обидува да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, преку интегрирање на материјал од стаклени шишиња во поплочувањето на улиците во 2011 година. Сега се обидуваат со истиот пристап кај мостовите.

montreal1

Étienne Cantin Bellemare, водечкиот проектант и инженер на овој проект, вели дека инспирацијата за проектот потекнува од истражувањата спроведени на University of Sherbrooke, фокусирани на Novel Ultra-High-Performance Glass Concrete. Проектната идеја датира од 2017 година, кога Bellemare и нејзините колеги започнале да бараат начини за интегрирање на стаклото од шишиња во проекти од поголем обем. Денес, резултатот е нов живот за 70.000 стаклени шишиња, измешани со околу 40.000 kg цемент. накратко, двата моста ќе содржат рециклирано стакло еднакво на околу 10% од својот состав, што е истовремено и добро за животната средина, но и добро за карактеристиките на материјалот во однос на затегачката цврстина. Едниот од мостовите ќе биде готов веќе во следниот месец, додека изградбата на другиот ќе започне во април 2021, и ќе биде завршен по шест месеци. Освен тоа што овие мостови се одржливи, тие имаат и убав изглед, за што осбено с епогрижила архитектонската компанија Provencher_Roy.

montreal2

montreal3

 

Испрати коментар

Scroll To Top