Насловна / Форум / Како да живееме во меур од сапуница

Како да живееме во меур од сапуница

risto.jpg

Ристо АВРАМОВСКИ, дипл.инж.арх.

 

Кога го видов првпат видеото бев фасциниран. Визуелно изгледаше добро. А, како и не би било, кога го имаат направено луѓе кои работат за Холивуд?! Но, добра е само визуелизацијата. Останатото ме вчудоневиде.


Јас сум против проектот од повеќе аспекти. Нелогично е да се гради во услови на светска криза кога сите светски компании ги стопираат своите проекти или го намалуваат обемот на работа. Уште повеќе да се форсираат грандиозни објекти. Како да живееме во меур од сапуница, па не ги следиме случувањата надвор.
Проектот нема врска со потребите на градот. При изградбата на објект првенствено треба да се мисли на неговата функција и на негово одржување.

 

Функцијатa е она за што објектот се гради. Што се однесува на
одржувањето на објектите, градот добива средства за изградба од
државата, но дали потоа ќе може да ги одржува тие објекти? Градот и
сега нема пари да ги дозаврши започнатите работи, па тие остануваат без
потребната инфраструктура. Нема поента .Објектите треба да генерираат
пари за да може да се одржуваат сами. Таква е модерна архитектура, таа
не е само збир на стакло, бетон и метал.

 

Можеме да направиме добар град. Проблемот е што визијата на владеачките структури во општеството е далеку од визијата на архитектите. Тука некој произведува идеи кои архитектите потоа треба да ги реализираат. Според мене, не треба да постои дебата затоа што не се работи за две струи кај архитектите. Тие се единствени во својот став. Постојат архитекти и неколку поединци кои работат на спроведување на проектот. Еснафот се обидува да се консолидира, но попусто. Мислам дека сме немоќни да го спречиме проектот. Нема ефект и од протест, а од друга страна тие што се индиферентни ги ставаат во ист кош со тие што се за.

Испрати коментар

Scroll To Top