Насловна / Арт и дизајн / Џексон Полок и славната „Бр.5, 1948“

Џексон Полок и славната „Бр.5, 1948“

Пол Џексон Полок (1912 – 1956) е американски сликар кој своите најзначајни дела ги создал како апстрактен експресиониста, односно акционен сликар. Неговиот опус имал силно влијание на модерната уметност на 20. век.

Сликал поставувајќи огромни платна на подот и врз нив истурал и нанесувал бои, понекогаш мешајќи ги со материјали како песок или кршено стакло. За сликање го користел целото тело, освен раката и зглобот, со само едно правило: четките, палетите и другите алатки за сликање ги исфрлил од употреба и почнал да користи стапови, лажици и кујнски ножеви.

p1 (1)

Сликарството го сфаќал како апсолутна слобода, како длабоки импулси кои доаѓаат одвнатре, а платното како арена во која треба да се дејствува. „Моите слики не се создаваат на штафелај. Ретко го затегнувам платното пред да почнам да сликам. Претпочитам да го закачам на ѕид или да го ставам на подот бидејќи ми треба отпор на тврда површина. Се чувствувам многу поудобно на подот. Сакам да се движам околу сликата и да работам на неа од сите четири страни и да бидам буквално „внатре“ во сликата. Тоа наликува на методот што го користеле Индијанците за да создаваат слики во песок“, изјавил Полок, објаснувајќи го потеклото на неговата уметност.

p2

Неговата слика „Бр.5, 1948“ долго време беше најскапо продадено дело. Сликата е создадена, како што кажува името, во 1948 година, насликана е на дрвена табла со масло на површина од 2,4 на 1,2 метри. Продаден е на приватна аукција во Sotheby’s во 2006 година за 140 милиони долари. Интересно е што не се споменува кој е купувачот на ова уметничко дело, но се шпекулира дека тоа би можел да биде мексиканскиот бизнисмен Дејвид Мартинез.

p3 (1)

Бр. 5, 1948 e насликанa во екот на неговиот период „капка по капка“ и е пример за неговата револуционерна сликарска техника. Полок капел црна, сива, бела, кафеава, црвена и жолта боја за да создаде повеќеслојна, сложена композиција што е помалку претстава на слика, туку повеќе запис на бојата и акцијата на сликарот. На овој начин, Бр. 5 може да се види дека го означува почетокот на неговото „акционо сликарство“ кое американскиот уметнички критичар Харолд Розенберг го опишал во својот есеј од 1952 година: „Акциското сликарство има врска со само-креација или самодефинирање или само- трансценденција; но тоа го одвојува од самоистражување, кое претпоставува прифаќање на егото онакво какво што е, со неговите рани и неговата магија“.

Со Бр.5, Полок означил отстапување од традиционалните барања на сликарството.Тој влегол во сликата, ги канализирал своите емоции за да го насочи движењето на бојата, капките, прскањето, стругањето, размачкувањето, истурњетое, дозволувајќи бојата да ја рефлектира неговата потсвест.

Испрати коментар

Scroll To Top