Насловна / Арт и дизајн / Ѕcan the World: Бесплатен пристап до 16.000 скулптури кои може да се печатат 3Д

Ѕcan the World: Бесплатен пристап до 16.000 скулптури кои може да се печатат 3Д

Оваа дигитална колекција овозможува 3Д-печатење на скулптури и други дела од музеите ширум светот.

1_resize

Иако 3Д технологијата се појави во 1980 -тите, денес постојано се откриваат нови начини како да се користи и да се експериментира со неа. Алатки, мебел и повеќе или помалку се што можете да замислите, сега може да се испечатат во три димензии.

н_resize

Најголемата 3Д дигитална архива

Со текот на годините, најважните музеи во светот ги дигитализираа своите колекции, овозможувајќи на поголем број луѓе да пристапат до нив од дома. Што значи да имате парче уметност од една од овие колекции во вашиот дом?

7_resize

Оваа некогаш незамислива идеја сега е возможна благодарение на Scan The World, најголемиот дигитален музеј на културни артефакти со 3Д печатење. Оваа колекција вклучува над 16.000 скулптури и споменици од институции ширум светот, и оваа бројка расте секој ден. Исто така, тие се здружиле со Google Arts and Culture за да додадат нови уметнички дела во галеријата.

3_resize

Реализирајќи повеќе од 4000 преземања дневно, Scan The World е создаден од My Mini Factory, најголема светска платформа за 3Д печатење. Нивната главна цел е да го зачуваат културното наследство преку дигитална продукција на многу вредни уметнички дела.

5_resize

Да ја направиме уметноста подостапна

Оваа платформа има за цел 3Д технологијата да ја направи подостапна, така што таа станува се поприсутна во општеството. Постојат многу групи на луѓе кои можат да имаат корист од ресурсите што ги нудат, вклучително и наставници, реставратори и истражувачи.

Исто така, им овозможува на луѓето да се приближат до познати уметнички дела. Во музеите, делата може да се набљудуваат, но никогаш не може да се допрат. Благодарение на овие мошне точни 3Д прикази, иако не го допирате вистинското парче, можете да имате многу поинтерактивно искуство. Затоа институциите како Британскиот музеј, Лувр и Метрополитен се приклучија кон оваа иницијатива.

8_resize

Како да ги најдете 3Д моделите?

Колекцијата е подредена по уметник и локација, што олеснува да се најде уметничкото дело за кое сте заинтересирани. Во придружната листа со податоци, исто така, ќе најдете информации за историјата на секое парче, како и неговите технички спецификации.

Пред да започнете со печатење треба да се има на ум дека за 3Д печатење е потребно време. Само за орјентација, на бистата на царот Антониус Пиус и беа потребни 12 часа за печатење.

2_resize

Scan The World користи технологија со структурно светло за да ги скенира уметничките дела и да ги додаде во нивната архива. Ова гарантира висока прецизност кога станува збор за печатење. Потоа, тие работат со различни програми како што е Rhino за да ги усовршат и доловат деталите за скенираната 3Д слика. Иако е долг процес, гарантира дека 3Д скенирањето може добро да се испечати и изгледа исто како и оригиналната скулптура.

Ако сакате да ја доживеете уметноста во три димензии, посетете ја страница Scan The World тука.

4_resize

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top