Насловна / Вести / Движењето Flight shame ги обедини еколошки освестените Швеѓани

Движењето Flight shame ги обедини еколошки освестените Швеѓани

Во Шведска се шири грижа на совест поради патувањата со авион, во ерата на енормна количина на емисија на стакленички гасови од овој вид сообраќај. Лошото влијание на авио сообраќајот не е ограничено само на загадувањето на воздухот. Отпадот од пластичните кеси, прибор, и слично, дополнително го уништува здравјето на планетата. Движењето flygskam (flight shame) ги привлече еколошки освестените Швеѓани, кои донеле одлука да ги заменат авионските карти со билети за воз, со цел да го намалат своето чувство на вина поради уништувањето на природата.

flyg1

Климатските промени ја погодуваат Шведска двојно посериозно отколку остатокот од светот. Шведскиот метеоролошки институт објави дека во оваа скандинавска земја температурата расте два пати побрзо во однос на просечната глобална температура. Минатата година била една од најтоплите и најсушните откако почнало мерењето на температурите.

FILES-SWEDEN-AVIATION-CLIMATE

flyg3

Според научните тврдења.,минувањето на само еден километар “низ воздухот’ генерира 100 грама јаглерод диоксид, додека минувањето на истото растојание во копнениот сообраќај создава „само“ 15 грама од овој гас. Тоа е загрижувачки факт за Швеѓаните, и токму затоа тие сакаат да ги сменат своите навики, и покрај тоа што ќе потрошат значително повеќе време до својата крајна дестинација.

Истовремено, државата мината година  ги зголеми даноците за авионскиот превоз.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top