Насловна / Вести / Конференција на тема: „Како да го зазелениме урбанизмот?“

Конференција на тема: „Како да го зазелениме урбанизмот?“

Утре, 16 мај 2019г. државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска ќе учествува со свое излагање на конференцијата на тема: „КАКО ДА ГО ЗАЗЕЛЕНИМЕ УРБАНИЗМОТ?“.

Конференцијата ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“ – Скопје, со почеток во 12 часот.

Настанот има за цел да го акцентира урбаното зеленило како неопходен услов за здрав и квалитетен живот во градовите и населените места, со отворање на прашањата за местото на зеленилото во процесот на урбанистичко планирање, колку се применува Законот за зеленило донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20% зеленило на градежна парцела, за тоа каде лежат пречките за имплементација на Законот и како да се обезбеди негова поефикасна примена, а со тоа и хуманизирање на просторот.
Организатори на настанот се НВО „Зелен Институт“ од Скопје и Демократска обнова на Македонија – ДОМ, а со поддршка на Bureau de Helling од Холандија.

urb

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top