Насловна / Вести / Дури 17 проценти од населението во Европа се соочува со висок ризик од недостаток на вода до 2050 година

Дури 17 проценти од населението во Европа се соочува со висок ризик од недостаток на вода до 2050 година

Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17% од населението на Европа и 13% од БДП би можело да се се соочат со високи до екстремни ризици од недостаток ан вода до 2050 година. Ваквото сценарио би се избегнало доколку владите и организациите за јакнење на отпорноста превземат итни и конкретни мерки.

wwf1

Користејќи климатски и социо-економски сценарија во Water Risk Filter алатката на WWF, новата анализа покажува дека Европа ќе биде уште посклона на суши и недостаток на вода и така дава јасна слика за регионите во најголем ризик. Анализата го опфаќа целиот континент, и утврдува дека земји со највисок ризик се Грција (82% од населението ќе се соочи со висок ризик од недостаток на вода) и Шпанија (75%). Земјите во нашиот регион се во категоријата на многу низок или низок ризик по однос на овој проблем, но сепак за очекување е дека влијанието нема да остане изолирано само на економиите на најзагрозените земји.

wwf2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top