Насловна / Вести / Дуке Бојаџиев ја повика публиката да запали свеќи за спас на Охрид

Дуке Бојаџиев ја повика публиката да запали свеќи за спас на Охрид

Дуке Бојаџиев му го посвети на Охридското езеро концертот кој го одржа синоќа во рамки на Охридско лето. Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.
Запалените 1076 свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат” – рече тој.
Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид.

Дуке Бојаџиев_концерт Охрид_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top