Насловна / Арт и дизајн / Држач за цепење дрво како инспирација за мебел направен од алуминиумски цевки

Држач за цепење дрво како инспирација за мебел направен од алуминиумски цевки

Може ли алуминиумските цевки да бидат доволно префинети за да бидат дел од ентериерот? Изгледа дека е можно! држач (7)

Инспирирани од формата на држач кој се користи за сечење и цепење дрво, холандското дизајнерско дуо Oskar Peet и Sophie Mensen од студиото OS & OOS, креира линија на мебел од алуминиумски цевки. Колекцијата, која има минималистичка, модерна естетика, ја сочинуваат клупи за седење, столици, маси, држачи за облека и комоди.држач (1)
„Бидејќи сум од Канада, честопати ги користев овие држачи за сечење дрво за да огревно дрво. Тогаш сфатив колку конструкцијата на овие држачи е убава и интелигентна, бидејќи тие така лесно ја исполнува својата функција. Видовме врска помеѓу екструдираните алуминиумски цевки и трупци, кои потоа ги стави на ногарки, како што се оние за сечење дрво и на тој начин ја добивме инспирацијата за комплетна колекција на мебел“, изјави Oskar Peet за Dezeen.држач (3)
Покрај тоа што е лесен, алуминиум е и воедно и цврст материјал, меѓутоа, дизајнерите го избрале поради можноста за негово рециклирање.држач (2)
Секое парче на мебелот од колекцијата Tunnel е достапно во пет различни бои: шампањ, темно црвена, розова, црна и природно бела боја.држач (6) држач (5) држач (4)

Испрати коментар

Scroll To Top