Насловна / Арт и дизајн / Главниот плоштад во Мадрид „поплочен“ со трева

Главниот плоштад во Мадрид „поплочен“ со трева

Голема тревна површина на главниот плоштад во Мадрид претставувала привремена инсталација, како дел од градскиот проект Four Seasons. мадрид (3)Имено, овој дел од природата, имплементиран во урбаната градска средина, бил отворен за јавноста и граѓаните биле повикани да го поминуваат слободното време токму на овој простор и да се чувствуваат слободни да седнат на тревата, да се одмораат, да прочитаат некоја книга и да уживаат во овој урбан амбиент од нова перспектива. мадрид (2) Оваа навидум едноставна, но во исто време многу импресивна интервенција, е дело на уметникот SpY, како дел од урбаната уметничка програмата Four Seasons, која е спонзорирана од страна на Градскиот совет во Мадрид во чест на 25 години од постоење на Plaza Mayora, пишува ArchDaily.мадрид (1)
Јавниот пристап до зелената површина не бил ограничен ниту временски, ниту во однос на активностите, така што граѓаните можеле да го користат во текот на 24 часа секој ден.
По престојот во градскиот плоштад, природната трева е испорачана на специјализирана компанија за рециклирање, која тревата ја претворила во природно ѓубриво.

Испрати коментар

Scroll To Top