Насловна / Архитектура / Шпанија: Упатство за боите и материјалите од традиционалната архитектура

Шпанија: Упатство за боите и материјалите од традиционалната архитектура

Пред повеќе од еден месец, малиот град во Галиција, Арес го претстави на јавноста своето „Упатство за боите и материјалите“, со кое администрацијата на оваа општина во соработка со Galicia College of Architects (COAG) има за цел да воспостави естетски критериуми и препораки во потрагата по подобра слика и урбан квалитет.

Документот се состои од 14 поглавја, а неговото публикување е овозможено преку напорен процес на подготовка во период од една година, во кој биле вклучени архитекти, историчари, историчари на уметноста и други. Тие анализирале над 3800 објекти во рурална, урбана средина како и индустриски објекти во четири провинции на Галиција. На тој начин се систематизирани и категоризирани четири карактеристични групи на објекти.

Galicia 4

Galicia 3

Првиот тип се однесува на традиционалната архитектура и нејзиниот развој до средината на 20-тиот век, за кои се препорачуваат реконструкции и рехабилитации кои ќе применуваат традиционални материјали како камен и дрво. Втората категорија вклучува објекти од поново време, односно објекти од 60-тите години на минатиот век, со дистинкција на рурални и урбани објекти. Во овие случаи, Упатсвото нуди слобода во изборот на материјали, и се фокусира на изборот на бои за кои препорачува да се вклопуваат со околината, и да имаат мат финиш. Третиот вид, се градбите во изолирани рурални области, додека четвртата категорија ја сочинуваат индустриските објекти.

Иако примената на ова Упатство не е обврзувачка, тоа ќе биде добра алатка за проектантите, инвеститорите, но и пошироката заедница, со цел постигнување на балансиран, хармоничен и кохерентен пејсаж кој ќе ги почитува културното наследство и животната средина.

Galicia 2

 

Испрати коментар

Scroll To Top