Насловна / Вести / Дом во Лондон, едно од раните дела на Дејвид Аџаје

Дом во Лондон, едно од раните дела на Дејвид Аџаје

Црните sидови, вграден мебел од натур бетон и езерце за риби во светлосен бунар ја дефинираат Lost House, дом дизајниран од Дејвид Аџаје во лондонскиот King’s Cross.

13_resize

Овогодинешниот добитник на Кралскиот златен медал Аџаје, ја дизајнирал „Lost House “ во 2004 година за модната дизајнерка Роксанда Илинчиќ и нејзиниот сопруг Филип де Мескита.

Куќата неодамна се појави на пазарот, давајќи можност да се види ентериерот на едно од раните дела на архитектот.

14_resize

Сокриена позади неутрална фасада од тула во мала уличка, оваа куќа порано била користена  како простор за складирање и имала и рампа за утовар. Архитектот ја претворил бетонската платформа во базен со повеќе нивоа со страни во црн колорит, која се наоѓа во главната спална соба каде доминираат пинк нијанси.

7_resize

Зачувани се оригинални одлики на просторот. Во приземјето е сместена голема дневна соба, трпезарија и кујна со плафон со двојна висина. Посебен интересен простор на овој дом е зелената соба со проектор и филмско платно. Вградените полици и удобните софи го прават ова место идеален простор за одмор и уживање.

5_resize

9_resize

8_resize

Големите стаклени sидови им овозможуваат на станарите да гледаат на рибникот кој се наоѓа во мал внатрешен двор. Дворот е украсен со тропско зеленило и претставува совршено бегство од секојдневието. Дрвената патека во дворот создава фантастична рамнотежа во просторот кој претежно е покриен со камења и бетон.

4_resize

Бањата се наоѓа во непосредна близина на спалната соба, која има и своја мала посебна бања. Розовата боја на спалната соба е онаа што заедно со зелената кино просторијата ја оживува претежно темната внатрешност. Куќата има и мала канцеларија во домот, модерно опремена со доволно простор за работа и одмор.

8_resize 10_resize 2_resize 11_resize 12_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top