Насловна / Вести / Најдлабокиот базен на светот во кој има подводни пештери (ВИДЕО)

Најдлабокиот базен на светот во кој има подводни пештери (ВИДЕО)

Во Полска, на 40 километри од Варшава, во градот Машцонов, е отворен нуркачки базен длабок 45,5 метри. Комплексот на базени „Deepspot“ има осум илјади кубни метри вода, што е 20 пати повеќе од количината на вода во обичен базен. Во комплексот постојат бројни имитации кои личат на подводни пештери и урнатини на цивилизацијата на Маите.

bazen

За разлика од обичните базени, базенот „Deepspot“ прима посетители и покрај пандемијата на коронавирусот, бидејќи е наменет за нуркачи и нивна обука. Предвидена е и изградба на хотел, чии соби ќе понудат поглед на внатрешноста на базенот.

bazen1

Актуелен носител на Гинисовиот рекорд е базенот лоциран во Терме Монтегрото во Италија, кој е длабок 42 метри.

Сепак, овој необичен базен во Полска ќе го држи рекордот само половина година, бидејќи дотогаш ќе биде завршен „Синиот амбис“, кој во моментов се гради во Колчестер во Велика Британија, а кој ќе биде длабок 50 метри. Базенот „Сина бездна“ ќе биде отворен во 2021 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top