Насловна / Вести / Документарните филмови за природата го подобруваат расположението

Документарните филмови за природата го подобруваат расположението

Постојат научни докази дека гледањето документарци за природата и животните релаксира, ја надминува досадата и го крева расположението – затоа тие се едни од најдобрите препорачани телевизиски содржини.

Ако ви треба поттик да гледате телевизија, сега го имате. Науката докажа дека документарците за природата го подобруваат расположението!

dokumentarci

Истражувањето објавено во „Journal of Psychology of Environmental“ покажа дека гледањето висококвалитетни програми за природа може да го подигне расположението, да ги намали негативните емоции, па дури и да помогне во ублажувањето на досадата поврзана со негативните емоции поврзани со пандемијата на коронавирусот.

Студијата оди чекор подалеку, покажувајќи дека доживувањето на ваква содржина во виртуелната реалност (ВР) може да има поголеми придобивки, правејќи нè повеќе поврзани со природата, како што некогаш бил човекот низ целата своја историја.

Психолозите утврдиле дека мерките на претпазливост против коронавирусот предизвикале многу психолошки последици кај луѓето, а содржината што луѓето ја консумираат преку медиумите има големо влијание врз тоа.

Jamie McPherson/Silverback/Netflix

Во експериментите спроведени врз испитаници, научниците докажале дека документарните филмови за природата имаат подобар ефект врз благосостојбата на луѓето од која било друга содржина, вклучително и информативна, драмска или забавна, пренесува N1 според пишувањата во списанието IFL Science.

“Нашите резултати покажуваат дека едноставно гледањето ТВ-содржина од овој тип може да им помогне на луѓето да го подигнат расположението и да ја потиснат досадата“, вели водечкиот истражувач Ники Џо.

Испрати коментар

Scroll To Top