Насловна / Вести / Доделена е 11 Европска награда за урбан јавен простор за 2022 година

Доделена е 11 Европска награда за урбан јавен простор за 2022 година

Проектот за обнова на каналот Катаријнесингел во Утрехт на архитектонското студио OKRA Landschapsarchitecten, е добитник на Европската награда за урбан јавен простор 2022 година. Меѓународното жири ја доделува оваа награда за проектот за регенерирање на каналот Катаријнесингел во градот Утрехт (Холандија).

Делата презентирани во ова издание ги прикажуваат заедничките проблеми на европските градови и некои од решенијата што тие ги предлагаат за справување со нив, особено во постпандемиски контекст, во кој решавањето на климатските промени и редизајнот на градови попогодни за живеење станаа централно прашање.

Жирито сметаше дека реконструкцијата на каналот заедно со обновувањето на линеарниот парк што се протега покрај неговите брегови, дизајниран од OKRA landschapsarchitect, е примерна интервенција која овозможува реактивација на јавните површини во време кога се посветува поголемо внимание на подигање на квалитетот на живот во урбаните средини.

Каналот е клучен елемент за развој на урбаната отпорност: го зголемува капацитетот на градот да се справи со екстремни горештини, бури и поплави.  Интервенцијата е дел од една поширока урбана трансформација, која се осврнува на иднината со задржување и почитување кон градителското наследство на градот. Со урбаната регенерација каналот се враќа во првобитната состојба откако повеќе од педесет години бил покриен со важна инфраструктурна артерија. Тоа не само што го намалува моторизираниот сообраќај, туку и дава приоритет на мобилноста на пешаците и социјалната интеракција, како и на порозните површини и богатата биолошка разновидност. Овие аспекти се она што ги прават градовите здрави, одржливи и пријатни.

Реставрацијата на последниот дел од Катарјнесингел опфаќа површина од околу 1,1 километар во должина. Во каналот се вратија вкупно околу 40.000 кубни метри вода, а неговата вкупна должина сега достигнува речиси шест километри.

Подобрување на квалитетот на водата е клучниот аспект на овој проект и причината зошто посетителите сакаат да се вратат во Катаријнесингел. Без разлика дали се љубители на водени игри или се шетаат по кејот, жителите на Утрехт во овој нов простор го обновуваат историскиот однос на градот со водата и каналот.

3

2

4

Богатиот екосистем од едногодишни дрвја ( топола, чинар, прунус и брест )– го поврзува овој нов парк со постоечкиот Зочерпарк. Во изборот на дрвја, ОКРА посвети големо внимание на задржување на биолошката разновидност.

Употребата на материјали – клинкер тули и чакал – создавата визуелна врска со историското градско јадро на Утрехт. До постојното пристаниште, дрвената мултифункционална површина може да се користи како урбана опрема за седење, штанд или бина, а долниот дел додаден на постоечката дрвена површина го користат кануистите и корисниците на чамци.

Единаесеттото издание на Европската награда за урбан јавен простор, иницијатива на Центарот за современа култура на Барселона имаше рекорден број на учество и широка застапеност со вкупно 326 проекти од 35 различни земји.

Европската награда за урбан јавен простор е биенален и почесен натпревар кој од 2000 година ги препознава најдобрите интервенции за создавање, трансформација и обновување на јавните простори во европските градови.

5

6

7 9 10

Испрати коментар

Scroll To Top