Насловна / Вести / До април, Загреб планира да засади осум илјади стебла

До април, Загреб планира да засади осум илјади стебла

Град Загреб планира до април да засади 8.000 стебла, што според градските власти е четири пати повеќе во однос на претходните десет години. Садењето на дрвјата нема да биде само еднократна акција, туку според градоначалникот Томислав Томашевиќ, во иднина градските претпријатија надлежни во оваа област секоја година ќе садат по 8.000 нови стебла.  Вкупната вредност на оваа акција е 3,7 милиони евра.

Zagreb: Predstavljena umjetnička instalacija Ivane Franke "Resonance of the Unforeseen"

Акцијата е неодамна веќе започната во сите 17 градски квартови. Во изборот на вкупно 88-те локации за садење учествувале повеќе градски установи. Дел од оваа акција е и садењето на нови односно заменски стебла на местата на оние кои се уништени во големото невреме во јули годинава.

stabla1

 

Испрати коментар

Scroll To Top