Насловна / Вести / До 2025 година, Јапонија планира пренос на соларна енергија од вселената на Земјата

До 2025 година, Јапонија планира пренос на соларна енергија од вселената на Земјата

Јапонија и вселенската агенција на оваа земја под името JAXA, со години се обидуваат да овозможат пренос на соларна енергија од вселената, а сега за овој подвиг е зададен и временски рок – 2025 година. Научниците на JAXA во 2015 година направиле голем успех кога успеале да пренесат моќност од  1,8 kW на оддалечност од 50 метри од безжичен приемник. Сега Јапонците веруваат дека се подготвени оваа технологија да ја приближат до реалноста.

beam1

Јапонското јавно – приватно партнерство има за цел да го објави пренесувањето на соларната енергија од вселената до 2025 година. Во план е лансирање на мали сателити во орбитата кои ќе се обидат да ја пренесат собраната соларна енергија до пприемните станици на Земјата. Користењето на орбиталните соларни панели и микробранови за испраќање на енергија на Земјата, за прв пат било предложено во 1968 година. До денес, неколку земји вклучувајќи ги Кина и САД вложуваат средства и време во реализација на оваа идеја. Технологијата е многу привлечна бидејќи орбиталните соларни „полиња„ претставуваат потенцијално неограничени залихи на обновлива енергија. Но, дури и доколку Јапонија успешно постави сет орбитални соларни низи, технологијата и натаму би била поблиска до научната фантастика отколку до реалноста. Трошоците се исклучително високи – имено, производството на опремата која ќе има капацитет од 1GW (еквивалент на моќноста на еден нуклеарен реактор), би чинело околу 7 милијарди долари.

beam2

 

Испрати коментар

Scroll To Top