Насловна / Вести / Динамични бои, графики и скулптури во кулата Skyline, Белград

Динамични бои, графики и скулптури во кулата Skyline, Белград

Архитектите од младото белградско биро Bureau BACC го потпишуваат проектот за ентериер на новото седиште на домашната компанија Термовент, сместено во кулата Skyline во Белград на површина од околу 1.200 квадратни метри.

13

Задачата била да се создаде модерен и репрезентативен канцелариски простор во согласност со концептот на работење и вредностите на клиентот – динамичен простор кој може да се развива во согласност со потребите и да го одразува развојот на компанијата.

1

Главната идеја за обликување на ентериерот произлегла од организацијата на самата компанија, нивната потреба јасно да се раздвојат и поврзат единиците на секторите по кои е поделена компанијата, нивната меѓусебна поврзаност во процесот на проектирање, производство и развој.

Основата на зградата јасно го поделила просторот на две зони, што и било основното барање на клиентот.

7

Инспирација за ентериерот добиена е од самиот технолошки процес на компанијата, напредните технолошки решенија и природата со која се поврзани.

Што се однесува до материјалите, во просторот доминира микроцементот и итисонот на подот, како и дрвени ѕидни облоги во комбинација со инокс, а тука се и стаклени прегради.

8

3

Според мислењето на авторите, она што најмногу го карактеризира просторот е токму комуникацијата, односно обликовното формирање на просторот и зоните произлезени од концептот/комуникацијата.

11

12

Концептот го карактеризира односот кон функциите на вработените во компанијата, затоа директорските канцеларии ги третирале како нетранспарентни/целосно изолирани кубуси, менаџерските канцеларии како полутранспарентни кубуси, каде најголем дел од канцелариите се затворени, со мали стаклени отвори.

14

Конференциските сали, односно јавните простории се целосно транспарентни, но одвоени со стаклени прегради, додека просторот е целосно отворен, но визуелно третирн во различни бои, со цел да се издвојат одредени дивизии во самата компанија (инженери, развој, администрација итн.) .

9

Скулптурите кои се вклопуваат во новиот амбиент на компанијата ги изработила уметницата Магдалена Павловиќ, а авторката на грфиките Драгана Глеѓа применила карактеристични бои, материјали и елементи кои се составен дел на компанијата Термовент.

10

2

4

5

6

15

Испрати коментар

Scroll To Top