Насловна / Архитектура / Околината ја перципираме со седум сетила, тврдат архитектите

Околината ја перципираме со седум сетила, тврдат архитектите

Архитектите кои се занимаваат со „начинот на кој ги доживуваме работите, па оттука и значењата што ги имаат работите во нашето искуство“, како што се толкува во гранката на филозофијата позната како феноменологија, се занимаваат со поцелосна слика за тоа како ја перципираме нашата околина.

2

Повеќе сетила

Покрај традиционалните пет сетила, невролошките испитувања исто така ја истражуваат и проприоцепцијата (осетите што ги имаме во мускулите, нивната положба и движење) и вестибуларниот систем, кој го регулира чувството за ориентација и рамнотежа во просторот.

Научниците исто така го истражуваат сетилото кое се нарекува „интероцепција“ кое се однесува на перцепцијата на сензациите од нашето тело. Нешто слично како кога велиме дека имаме пеперутки во стомакот.

3

Феноменологијата во архитектурата

Додека архитекти од различни култури и времиња долго време ги разгледувале сетилата и дизајнот, поимот феноменологијата, која ја артикулирал филозофот Мартин Хајдегер, во архитектурата ја вовел во раните седумдесетти години Норвежанецот, Кристијан Норберг-Шулц, архитектонски теоретичар.

Феноменологијата во архитектурата се однесува на менување на фокусот на кој на корисниците им се претставуваат решенијата. Покрај Норберг-Шулц, архитектите Јухани Палазма и Алберто Перез-Гомез го развиле овој пристап, а архитектите Стивен Хол и Петер Цумтор проектираат врз основа на овие теории.

01

Размислување за пристапот

Нашата перцепција кога приоѓаме на некоја зграда, град или објект во околината зависи од повеќе чинители.

Кога приоѓаме на некој град среде пустина, нашето доживување е сосема поинакво отколку кога влегуваме во град опкружен со шума.

Границите и рамката на град во пустина се очигледни и ќе ни се чини дека ни треба подолго време да стигнеме до него отколку што очекуваме. Кога влегуваме во град опкружен со шума, нашето внимание го привлекуваат дрвјата, околината, животните и се чини дека ни треба многу помалку време да стигнеме до него.

Кога станува збор за зградите, прво им приоѓаме, потоа влегуваме внатре и дури потоа почнуваме да ги истражуваме. Но веќе кога ќе им се приближуваме ги запазуваме со сите свои сетила.

6

Допир: замислете го моментот кога ќе ја допрете кваката на влезната врата. Дрвена квака на вратата ќе даде сосема поинакво чувство од челична.

Мирис: Понекогаш одреден мирис ве потсетува на некои убави спомени. Исто е и кога се во прашање зградите. Секој од нас го разликува мирисот на чист празен простор и викендица во шума.

Звук: Имаме различно чувство за просторот и кога го перцепираме со слух. Споредете соба со керамички плочки каде што го слушнете одекот на вашите чекори со соба со дрвен под.

Вид: Сите сме виделе сликата на мала куќа на чистина во снежен ден од која се гледа светло. Таа мала светлина во самракот што ја гледаме може да не потсети на камин и топол простор кога ќе ја видиме во далечина.

4

Вкус: Можеби е тешко да се поврзе вкусот со архитектурата, но архитектурата може да биде поттик за вкус. Специфичните бои и детали го стимулираат нашето сетило за вкус.

Вестибуларни (движење) и проприоцепција (положба на телото): Овие две сетила се основа за ориентација во просторот и самосвест во околината.

7

Стимулации во нашата средина

Њујоршкиот архитект Стивен Хол верува дека 11 стимуланси од нашето опкружување влијаат на нашата перцепција.

1

1) Предметот се перцепира во својата околина. Ако имате цвет пред прозорец, позадината исто така ќе игра важна улога во нејзината перцепција и вашиот впечаток за цветот.

2) Нашата перцепција е низа кадри од нашата околина кои се менуваат со секое наше движење.

3) Боите играат важна улога во нашата перцепција.

4) Светлината и сенките предизвикуваат различни чувства.

5

5) Ноќта и денот носат две сосема различни искуства.

6) Перцепцијата на времето не е линеарна и зависи од многу различни фактори.

7) Водата е одраз на нејзиното опкружување.

8) Звукот помага да се согледа нашата околина. Замислете дека ја мерите длабочината на просторијата со ехо.

9) Деталите во дизајнот се суштински фактор што може да има различни влијанија. Човек лесно може да го разликува чувството и вкусот на природното од вештачкото дрво.

10) Пропорциите и обемот се други критични фактори за согледување на нашата околина. Ако зградата е преголема, може да направи да се чувствувате изгубено во просторот, додека пониска висина на таванот може да направи да се чувствувате поудобно.

11) Идеите се од витално значење за проектирање згради, бидејќи на луѓето можат да им пружат различни искуства.

Mondadori_OscarNiemeyer

Според тоа, ако сакате да уредите пријатен кафе бар, исполнете го со пријатни светла, топли бои и пријатен амбиентален звук. Централната идеја го одредува изборот на мебел и уредувањето на ентериерот, висина на таванот и се останато.

Феноменологијата во архитектурата помага да се создаде адекватен простор врз основа на тоа како луѓето ја перципираат својата околина. Без разлика дали планирате да одите во локален ресторан или на изложба, сега можете да размислувате за тоа како вашите искуства во просторот се поврзани со вашата сетилна перцепција.

Испрати коментар

Scroll To Top