Насловна / Вести / Девет кинески производители на електрични автомобили кои би можеле да ја сменат сликата на глобалната автомобилска индустрија

Девет кинески производители на електрични автомобили кои би можеле да ја сменат сликата на глобалната автомобилска индустрија

Пресвртницата во автомобилската индустрија која го најавува крајот на моторите со внатрешно согорување и приматот на електричните возила, многу е веројатно дека ќе исфрли на глобалниот пазар нови лидери меѓу брендовите и компаниите. Без сомнение Кина е земјата од која многу се очекува во овој сегмент. Оваа најмногубројна земја во светот има развиена автомобилска индустрија, а огромниот домашен пазар располага со бројни марки и модели од кои најголем дел не се достапни во остатокот од светот, но веројатно ќе бидат многу скоро. Времето на кинеските плагијаторски брендови, сега се чини како далечно минато. Досега нивната силна домашна побарувачка беше доволна за фокус на домашниот пазар, но имаат планови за делување на глобалниот пазар. Во продолжение приказ на деветте најголеми кинески производители на автомобили, за кои денес ретко кој слушнал, но во блиска иднина се очекува состојбата драстично да се промени.

9. GAC Group, Guangzhou Automobile Group

Во 2021 година, оваа компанија продала 450.000 единици од моделите на брендовите меѓу кои се: GAC, Trumpchi и Aion. Во основа тоа се SUV варијанти, но и понекоја лимузина. Тие исто така произведуваат автомобили во Joint-Venture (JV) со Mitsubishi, Toyotа, Hondа, а до неодамна и со FCA. Досега нивната глобална експанзија не стигнала до Европа и САД, но со Toyota интензивно вложуваат во развојот на конкурентни електрични автомобили.

china EV1

8. BYD (изгради ги своите соништа)

Компанијата е формирана во 2003 година, кога BYD Company ја купува Qinchuan automobiles. Минатата година успеале да продадат 740.000 автомобили од различни марки на групата, и веќе се присутни на Блискиот исток и во Јужна Америка.

chinaev2

7. Dongfeng

Има сериозна понуда на брендови: Venucia, Fengdu, Aeolus, Forthing, Voyah и секако Dongfeng. Исто така, произведува автомобили и за Hondа, Nissan, Kiа и Peugeot-Citroen. Во 2021 година, оваа група продала 762.000 сопствени автомобили (без join venture договорите). Некои од нивните автомобили с епродаваат во Европа (Seres 3, Dongfeng 580 и F5 ), но нивната најголема сила на глобалните пазари е во сегментот на лесни комерцијални возила.

chinaev3

6. FAW Група, првиот автомобилски погон

Формиран е во 1953 година, и е еден од клучните производители во Кина поради јаките врски со кинеските државни власти. Минатата година има продадено 810.000 возила од сопствените брендови, кои ги вклучуваат и Jiefang камините, Bestune mainstream автомобилите и Hongqi луксузните автомобили. Има заеднички вложувања со Toyotа, General Motors и Volkswagen. Луксузниот SUV E-HS9 во Норвешка.

chinaev4

5. Chery

Chery е релативно нова марка, основана во je 1997 година. Нивните главни производи се патничките автомобили, SUV и комерцијални возила. Своите автомобили започнале да ги извезуваат во 2001 година, но сеуште се ограничено присутни на развиените пазари. Но, има производни погони во Бразил и Египет. Минатата година има продадено 962.000 примероци од сопствените марки, меѓу кои Exeed, Karry и Jetour. Најголем дел од автомобилите кои ги склопува DR Automobiles во Италија имаат потекло од Cherry.

chinaev5

4. SAIC Motor, Shanghai Automotive Industry Corporation

SAIC во 2021 година има продадено 1,11 милиони автомобили ширум светот, вклучувајќи го тука и најпродаваниот кинески електричен автомобил Wuling Hongguang Mini EV. Преку својот бренд MG, овој производител бил вториот најголем кинески производител во Европа по продажба во 2021 година.

chinaev6

3. Great Wall Motors

Оваа приватна компанија е посната под своите SUV модели. Произведува возила под сопствени марки како што се Haval, најголемиот кинески SUV бренд, Wey, Tank, ORA и Great Wall. Иако најголемиот дел од 1,28 милиони продадени автомобили во 2021 година се продадени во Кина, компанијата го истражува европскиот пазар преку брендот ORA и своите ретро дизајнирани мали автомобили. Присутни се и на пазарите во развој.

Great-Wall-Motors-P-pickup-1

2. Geely група

Засега веројатно најглобалниот кинески производител благодарение на својот контролен удел во Volvo Cars и силното присуство на некои негови кинески марки надвор од Кина. Со 2,03 милиони продадени единици, овој конгломерат започнал да произведува автомобили во 1997 година, преку марката Geely. Подоцна имаат набавено и странски брендови, како шведско Volvо, малезиски Proton и британскиот Lotus. Марките Polestar, Zeekr и Geometry имаат успех во Холандија.

chinaev8

1.Changan Automobilе

Chanhan има продадено највеќе возила во земјата во 2021 година – 2,3 милиони единици, вклучувајќи ги и JV. Имаат заедничка компанија со Ford и Mazdа.

chinaev9

Испрати коментар

Scroll To Top