Насловна / Архитектура / Десет најдобри планински кабини

Десет најдобри планински кабини

Од кабини сместени на сама ивица на провалија до сокриени засолништа на старо скијалиште, направена е листа од десет најдобри планински кабини, според мислењето на магазинот Dezeen.

1. Kanin Winter Cabin, Словенијa, OFIS
Оваа мала алуминиумска кабина проектирана од словенечкото биро OFIS Arhitekti, надвиснува преку ивицата на планината Канин на словенечко-италијанската граница. До нејзе може да се стигне само со планинарење или хеликоптер. Направена е од комбинација на накорсно-ламелирано дрво и стаклени и алуминиумски панели, проектирани да издржат екстремни временски усливи.

1

Kanin Winter Cabin

2. Lofthuset, Шведска, Hanna Michelson
Во оваа дрвена колиба висока десет метри може да собере највеќе две особи. Проектирана е од шведската архитектица Hanna Michelson како минималистичко „засолниште“.
Сместена е на место на стара патека за скијање на планината Asberget. На врвот се наоѓа отворена палуба, наткриена со боров кров од каде се пружа непречен поглед на долината.

2

Lofthuset

3. Varden, Норвешка, SPINN Arkitekter и Format Engineers
Ова засолниште е проектирано за да го потикне планинарењето во градот Hamerfest и се наоѓа на врвот на планината Storfjelet во Норвешка.
Кабината има „органска“ префабрикувана рамка за да се спротистави на арктичкото опкружување, додека ги издржува острите поларни зими. Ја проектирале бироата SPINN Arkitekter и Format Engineers.

3

Varden

4. Bivouac Luca Pasqualetti, Италија, Roberto Dini и Stefano Girodo
Оваа префабрикувана конструкција наречена „Bivouac Luca Pasqualetti“ се наоѓа на надморска висина од 3.290 метри на ивица на планинскиот врв Valpellin во Италија.
Направена е за група на локални алпски водичи кои сакале да го потикнат истражувањето „заборавени рути“. Во рамки на кабината има осум кревети поделени на две нивоа.

4

Bivouac Luca Pasqualetti

5. RF C9, Чиле, Gonzalo Iturriaga
Чилеанскиот архитекта Gonzalo Iturriaga користел свиткани плочи од црн бор за да ја создаде оваа кабина на карпеста локација во чилеанската регија Valparaiso.
Се состои од основен апартман, проектирана така за да создаде едноставен простор каде може да се одморат оние кои тука престојуваат.

5

RF C9

6. Culardoch Shieling, Велика Британија, Moxon Architects
Планините на Националниот парк Cairngorms во Шкотска нудат драматична позадина на оваа колиба изработена од непреработено дрво ариш. Проектирана е од Moxon Architects.
Екстериорот е по пример на сточарска колиба, а кровот е покриен со мов и камења собрани од локалните брда.

6

Culardoch Shieling

7. Cabin on a Rock, САД, I-Kanda
Оваа одалечена монтажна кабина во Белите планини на Њу Ханпшир замислена е како викендица за еден пар и нивните две деца.
Подржана е од голема карпа која и служи како основа. Кабината опфаќа конзолен дрвен трем со долг лизгачки стаклен ѕид кој овозможува непречен поглед кон долината.

7

Cabin on a Rock

8. Alpine Shelter Skuta, Словенија, OFIS
Сместено на карпите под планината Скута, засолништето може да прими осум планинари. Проект е на биото OFIS.
Проектирано е во склад со традиционалната алпска архитектура, косиот кров е прекриен со бетон, додека од стаклените површини се пружа поглед кон словенечкиот планински венец.

8

Alpine Shelter Skuta

9. Concrete Cabin, Швајцаријa, Nickisch Sano Walder Architects
Сместено во швајцарските Алпи, ова сокриено бетонско засолниште го проектирало бирото Nickisch Sano Walder Architects како „засолниште, место за одмор и рекреација”.
Има минимална бетонска внатрешност која е во контраст со негвата груба, запчеста надворешност, направена од дрво на својот предходник – стара брвнара.

9

Concrete Cabin

10. Tubakuba Mountain Hub, Норвешка, Espen Folgerø
Оваа кабина е резултат на експериментот на студентите од Bergen School of Architecture. Ја направиле во соработка со архитектот Espen Folgerom, кој го истражувал дрвото како градежен материјал.
Се наоѓа покрај планината во Берген во Норвешка. Во оваа кабине се влегува преку кривулест дрвен тунел во форма на труба.

10

Tubakuba Mountain Hub

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top