Насловна / Вести / Денес прва конференција за развивање на видеоигри во Македонија – Game Dev Rev 2025

Денес прва конференција за развивање на видеоигри во Македонија – Game Dev Rev 2025

Првата конференција посветена на креирање видеоигри во Македонија, Game Dev Rev 2025, ќе се одржи денес со почеток во 10 часот во Македонскиот народен театар, во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за развивање видеоигри (МГИ Скопје).

GDR25

Првата Game Dev Rev (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација.

ПОЧЕТОКОТ

GDR25 не се фокусира само на една единствена тема, туку на насока – Почетокот. Тој симболизира создавање, раѓање, каписла и револуција. Конференцијата има цел да отвори ново поглавје на македонската сцена за развивање игри. Како сеуште не доволно истражен предел на креативност и талент, Македонија има огромен потенцијал, а GDR25 е дизајнирана на студентите, младите креативци и професионалците, да им обезбеди мотивација, насоки, контакти, па дури и самодоверба за да се впуштат и напредуваат во индустрија за развивање игри.

ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ

Врвни говорници и спикери: Светски лидери кои ја обликуваат иднината на игрите ќе одржат keynote предавања, fireside chat (Ask-me-Anything) сесии.

Indie Zone Showcase: Инди студија кои ќе ги претстават своите проекти, нудејќи преглед на следниот бран на креативци.

Развој и имплементација на екосистемот: Панели и работилници посветени на продукција, раст на екосистемот и бизнисот на развивање игри.

Вмрежување и VIP настани: Специјално курирани случувања за поврзување и соработка меѓу „главните играчи“ во индустријата, партнерите и посетителите.

Заедница и култура: Од разновидна храна до голема забава, GDR25 ветува живописна мешавина од култура и дружење.

Испрати коментар

Scroll To Top