Насловна / Арт и дизајн / Денес промоција на монографијата „980 маслени слики“ посветена на академик Васко Ташковски

Денес промоција на монографијата „980 маслени слики“ посветена на академик Васко Ташковски

Денес, во објектот Даут пашин амам, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „980 маслени слики“, а која е во рамките на ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски. Оваа монографија, посветена на творештвото на нашиот водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот, е издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Промотори на монографијата ќе бидат д-р Дита Старова Ќерими, Паскал Гилевски и Раде Силјан.

photo 11

За значењето на Ташковски надвор од рамките на нашата земја, неизбежен е податокот дека тој е единствен македонски автор (во времето еден од двајцата југословенски сликари застапени во ова издание), кој е претставен во едицијата „Сликари на фантазијата (од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали“ / “Painters of fantasy (from Hieronimus Bosch to Salvador Dali)“, од 1974 година, во издание на Phaidon, а по избор на Вилијам Гаунт. (Вилием Гаунт, Фантастично сликарство од Хиеронимус Бош до Салвадор Дали, Федон, Лондон, 1974, и Grafički zavod Hrvatske, 1980).

Испрати коментар

Scroll To Top