Насловна / Вести / Денес настанот „Повеќе зеленило, подобар град!“

Денес настанот „Повеќе зеленило, подобар град!“

Загадениот воздух, сообраќајниот хаос, сивилото и бучавата се само дел од проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секојдневнието. Колку е важно зеленилото во градот за подобар квалитет на живот? Колку зеленилото во урбанта област може да придонесе во борбата со климатските промени и да биде дел од потенцијалните решенија за важните општествени проблеми? Дојдете да разговараме за повеќе зеленило во градот и подобар град!

За наведеното ќе се разговара на настанот „Повеќе зеленило, подобар град!“, организиран во рамките на проектот: Граѓанските организации во акција за климата, споведен од: Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-Cвест во соработка со Македонското здружение на млади правници-МЗПМ и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП.

ак

Настанот ќе се одржи на 23 февруари (петок) во Нетавил (Netaville) од 12:00 до 14:00 часот.

На настанот ќе биде презентирана анализа за урбано зеленило „Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зелен град“ и правните аспекти на урбаното зеленило во Република Северна Македонија.

Вашето присуство можете да го најавите на маил: iva_petrunova@yahoo.com

Модератор на настанот е д-р Ива Петрунова м.и.а.

z1

Испрати коментар

Scroll To Top