Насловна / Архитектура / Денес настан на тема „Инженерството инспирација за младите уметници“

Денес настан на тема „Инженерството инспирација за младите уметници“

Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија на 21 март обележува 103 години од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти. По тој повод на 20ти март во 19 часот во Националната опера и балет ќе се одржи настан на тема „Инженерството инспирација за младите уметници“.

Настанот има за цел истакнување на нераскинливата врска помеѓу инженерството и уметноста,  преку поддршка на млади уметници од Факултетот за ликовни, Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје. За аудио-визуелни артистички елементи на инженерите и уметниците ќе допринесе музиката на Влатко Стефановски и студентите од класата на проф. Дарко Багески, како и фотографиите на Ангел Ситновски и студентите од Факултетот за ликовни и Факултетот за драмски уметности.

image001

Инженерската институција на Македонија е професионална асоцијација во која членуваат 18 здруженија од сите инженерски дисциплини. Нејзината мисија е да ги поттикнува и мотивира младите во развојот на инженерството за да бидат фронт во глобалниот иновациски натпревар во светот, подобрувајќи го квалитетот и начинот на живеење. Токму за остварување на оваа визија, се истакнува дека поттикнувањето на креативното размислување на инженерите се остварува преку  нивниот уметнички ангажман.

im

Испрати коментар

Scroll To Top