Насловна / Вести / Денес е Меѓународен ден на зачувување на озонската обвивка

Денес е Меѓународен ден на зачувување на озонската обвивка

Генералното собрание на ОН во 1994 година  го прогласи 16 септември за Меѓународен ден на зачувување на озонската обвивка, во знак на сеќавање на датумот на потпишувањето, во 1987 година, на Монтреалскиот протокол за супстанците што ја оштетуваат озонската обвивка.

Преку меѓународна соработка на научници, владини институции и невладини организации, Монтреалскиот протокол за супстанци што ја оштетуваат озонската обвивка беше усвоен во Монтреал во 1987 година. Оваа година, на 16 септември се одбележува 38-годишнината од Монтреалскиот протокол, најуспешниот меѓународен договор за заштита на животната средина, кој денес брои 198 земји членки.

Монтреалскиот протокол е најуспешниот меѓународен договор што овозможи спасување на озонската обвивка од негативните последици од човековите активности и претставува пресвртница во глобалната соработка. Тој е пример за ефективна и успешна меѓународна соработка и партнерство меѓу развиените и земјите во развој во заштитата на глобалните цели. Тој е пример за тоа како сите земји во светот можат да направат големи работи за животната средина и луѓето преку заеднички напори. Во најдобар можен момент, тој нè потсетува дека целта на глобалните договори не е политиката, туку постигнување вистински позитивни промени за луѓето ширум светот.

Целта на одбележувањето на Денот на зачувување на озонската обвивка е да се подигне јавната свест за потребата од заштита на озонската обвивка, која го штити светот на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење и влијае на атмосферската распределбата на температурата и климата на планетата. Сончевата светлина го овозможува животот, а озонската обвивка го овозможува животот каков што го знаеме.

Испрати коментар

Scroll To Top