Насловна / Вести / Денес дискусија: Корупцијата во урбанизмот и градежништвото

Денес дискусија: Корупцијата во урбанизмот и градежништвото

Денес од 12 до 13:30 часот ќе се одржи организирана онлајн панел дискусија на тема „Корупцијата во урбанизмот и градежништвото“.

Дискусијата ја организира Коалиција „Сите за правично судење“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 година, финансирана од страна на Европската комисија преку Делегацијата на Европската Унија.

урб_resize

На настанот како панелисти ќе учествуваат:

– Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата

– Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС

– Катица Николовска, член на Државна комисија за спречување на корупцијата

– Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар

Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да поставуваат прашања на дискусијата, а повеќе детали околу овој настан може да најдете на следниов ЛИНК.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top