Насловна / Вести / Денaли, Алјаска: Место каде што станува јасно колку е човекот мал во споредба со природата

Денaли, Алјаска: Место каде што станува јасно колку е човекот мал во споредба со природата

Постојат места за кои се вели дека изгледаат како од разгледница, затоа што се нестварни, величествени, едноставно совршени. Едно од таквите места е Алјаска, држава која се наоѓа на крајниот север на Америка, а која претставува мелем за очите, но и за душата.

1_resize

Најголемата американска држава се смета за еден од главните туристички центри во Америка. За странците, Алјаска изгледа како недопрен масив, каде зимата со право е главна. Патниците од различни делови на светот доаѓаат овде за авантура и комуникација со недопрената природа чија убавина остава неизбришлив впечаток. Алјаска има oсум национални паркови.

01_resize

Денали, веројатно е најпознатиот национален парк и резерват на Алјаска, барем за љубителите на природата. Дивиот свет во овој парк е разновиден и видлив, планините се големи, а колку подалеку се патува, толку повеќе се отвора субарктичкиот пејзаж.

2_resize

Денали е голема област со недопрена природа, алпска тундра и тајга. Паркот е оддалечен на околу 320 километри јужно од арктичкиот круг, во субарктичката зона.

Националниот парк и резерватот на природата Денели го опфаќаат самото срце на планинска Алјаска, но и големи површини со ниски ридови и мочурливи рамнини кои лежат северно од планините. Формирани се во 1980 година на местото на поранешниот национален парк Мекинли (основан во 1917 година) и на дополнителна површина од 16.590 квадратни километри. Така, паркот денес има површина од 19.187 квадратни километри со дополнителни 5.400 квадратни километри. Во 1976 година УНЕСКО го прогласил паркот за резерват на биосферата.

ANWR

Националниот парк Денали не е за плашливи – тука треба да се биде во контакт со внатрешниот Бак (Џек Лондон) за навистина да се запознаат сите можности што ги нуди. Тоа се недопрената природа и пејзажите што го одземаат здивот. Алјаска е едно од местата на планетата Земја каде што станува многу јасно колку е човекот мал во споредба со големината и разновидноста на природата. Затоа Денали е посебна дестинација, каде што се откриваат уникатни пејзажи, поинаков живот и уникатно лично искуство. Националниот парк се наоѓа во внатрешноста на оваа земја, а негова најголема атракција е високата планина Макинели, попозната како Денали, што во буквален превод од еден од индијанските јазици значи „Висока“. Имено, врвот на оваа планина се наоѓа на надморска височина од 6.194 м, што ја прави највисоката планина во Северна Америка. Затоа, не е изненадувачки што планинарењето, скијањето и кампувањето, како и возењето со санки што ги влечат кучиња се популарни во текот на целата година. Во текот на годината овој парк во просек го посетуваат 40.000 луѓе.

moon-over-the-mountains-at-denali-national-park-alaska_resize

Шетајќи низ паркот, веројатно се чекори по патеките по кои луѓето оделе во последното ледено доба пред 12.000 години. Најниската точка на овој парк се наоѓа на 61 метар надморска височина, има 12.200 езера/бари и 30.000 километри потоци. Паркот Денали нуди можност да се видат глечери, но има и посебна можност да се види глечерската пукнатина „Great Gorge“ длабока 1.158,24 метри.

3_resize

Флората и фауната се најголемите богатства на овој парк. Најголем дел од современите сознанија што ги имаме за однесувањето на волците потекнуваат од овој парк, иако волците ретко се гледаат затоа што се држат настрана од луѓето. Паркот е исто така и дом на гризлија, лосови и карибуа (вид ирваси), но има и посебен жител. Станува збор за жаба „wood frog“ – животно кое е способно да го запре отчукувањето на срцето, да престане да дише и целосно да замрзне во текот на зимата, но повторно оживува кога ќе дојде пролетта. Wood frog е вистински претставник на паркот Денали – природа која целосно застанува, исчезнува под снегот, се повлекува пред зимата, па до пролетта кога сè почнува да се буди, да цвета, да расте и повторно да се раѓа во сета големина на мајката природа.

00

Едни од главните атракции на паркот се езерото Поткове, чија живописна панорама во заднината на висорамнината ги воодушевува сите гости. На реката Танана, на почетокот на 20 век, се случувале главните настани на „златната треска“. Климата во ледената речна долина од мај до октомври е исклучително сурова, но воздржаната природна убавина привлекува милиони туристи.

4_resize

Местата за набљудување Reflection Pond, Primrose Ridge, Sable Pass се одлични за да се видат мечки. Нудат фантастично убави глетки кои никого нема да остават рамнодушен, а добиените фотографии ќе ги демонстрираат волшебните пејзажи на Алјаска. Но, како што велат туристите, ниту една фотографија не може потполно да го пренесе чувството на она што го виделе во резерватот.

02_resize

Глечерските езера Chilchukabena и Wonder со бистра вода и единствена атмосфера на единство со природата не може да се заборават.

Интересни се и флората и фауната. Во текот на краткото лето, во паркот никнуваат повеќе од 1.500 видови растенија, вклучувајќи и 430 видови цвеќиња. Во долините на реките расте тајга, шуми од  смрека, топола и бреза. Над зоната на раст на дрвјата се простира зоната на тундра каде растат растенија приспособени на кратка вегетација; ниски грмушки, ситни полски цвеќиња, боровинки и алпска трева.

sable_pass_spring_resize

Овде зимите се долги и студени, обично траат од крајот на септември до април. Температурите во најстудените месеци може да се спуштат и под -18 степени Целзиусови, и тоа на подолго време, а може да паднат и до -40 степени Целзиусови за време на студените ноќи. Летата се кратки и свежи, почнуваат од крајот на мај и траат до почетокот на септември, со просечни температури околу 24 степени Целзиусови во период на најтоплите денови. Снегот може да падне во кој било месец, а во зима најмногу паѓа на јужните падини на масивот Алјаска. Температурите, како и секаде, се намалуваат со надморската височина, така што дневните температурни разлики може да бидат екстремни, особено во зимските месеци.

wonder_lake_resize

Чуварите на паркот Денали постојано вложуваат напор за да ги задржат дивите животни во дивината ограничувајќи ја интеракцијата помеѓу луѓето и животните во паркот. Хранењето на кое било животно е строго забрането, бидејќи може да предизвика негативни ефекти врз нивните навики за хранење.

000

Посетителите се охрабруваат да ги гледаат животните од безбедни растојанија. Во август 2012 година, паркот го доживеа својот прв познат фатален напад на мечка, кога осамен планинар очигледно преплашил голем мажјак гризли додека го фотографирал. Анализата на сцената и камерата на планинарот силно сугерирале дека ги прекршил прописите на паркот во однос на средбите со мечки. Одредени области на паркот честопати се затворени поради невообичаена активност на дивиот свет.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top