Насловна / Архитектура / Деловен објект во Рајпур инспириран од традиционалните индиски куќи со двор

Деловен објект во Рајпур инспириран од традиционалните индиски куќи со двор

Линеарен канцелариски простор органски се извива во основа, создавајќи голем уреден двор во средината. Во распон од две до четири нивоа, канцелариските подови се подигнуваат од теренот на југозападната и североисточната страна за да се овозможи струење југо-западниот ветер низ дворот. Деловниот објект се наоѓа во градот Рајпур во Индија.

6

5

Проектантите од индиското биро Sanjay Puri Architects исто така ги подигнале и северозападните агли на зградата, создавајќи единствени големи волумени на двата краја за да се овозможи визуелен контакт помеѓу катовите, каде што се сместени кафетеријата и библиотеката. Циркулациониот ‘рбет го заобиколува внатрешниот двор, дозволувајќи му на пејзажот да биде видлив додека корисниците се движат низ канцелариите и работните простори, заобиколувајќи го надворешниот периферен отвор кон надворешните градини.

1

3

Формата на објектот ги генерира најдолгите страни ориентирани кон север, со закосени жалузини на другите страни кои ги насочуваат внатрешните простори кон север. Ориентацијата овозможува индиректна светлина во текот на целиот ден во сите внатрешни простори, правејќи ја зградата енергетски ефикасна.

11

13

Деловниот објект со уреден двор за својот концепт црпи инспирација од традиционалните индиски куќи со двор, што резултира со канцелариски простори кои се разликуваат по волумен и ориентација, дозволувајќи им на отворените простори да се интегрираат со затворените и создаваат енергетски ефикасни и пријатни работни простории.

9

4

7

10

8

2

14 15

Испрати коментар

Scroll To Top