Насловна / Архитектура / Првиот станбен проект на Френк Гери во Велика Британија

Првиот станбен проект на Френк Гери во Велика Британија

Френк Гери го реализираше својот прв станбен проект во Велика Британија, кој се состои од две згради со над 300 станбени единици.

Со своето студио Gehry Partners, славниот архитект проектирал комплекс наречен Prospect Place како дел од регенерацијата на легендарната електрана на Темза – Battersea Power Station, на љубителите на рок музиката добро познати од насловната страница на албумот Animals на Пинк Флојд.

Во објектите покрај резиденции, вклучени се и мешани малопродажни единици, како и приватна градина наречена Prospect Park.

5_resize

Поврзаност со прочуената електрана

Според зборовите на 93-годишниот архитект, целта на проектот била објектите да се читаат независно, а истовремено да се поврзат со електраната во лондонскиот кварт Battersea.

2_resize

„Го сакам Лондон. Градот има култура, историја и разновидност, а зградите што ги направивме проектирани се така да вешто стојат сами за себе, а истовремено ја врамуваат меѓународно познатата Battersea Power Station“, изјави Гери за Dezeen.

10_resize

Во двете згради има вкупно 308 станбени единици со различна големина, од гарсоњери и еднособни станови, до четирисобни градски куќи и пентихауси.

Исто така, дизајнот на секоја од овие единици е различен, што значи дека нема два идентични дома. Меѓутоа, на на сите им е заедничко тоа што имаат отворен распоред, како и пристап или до зимската градина или до терасата, а со тоа и до погледот на градот.

11_resize

Јасна разлика помеѓу старото и новото

Во својата надворешност, зградите се одликуваат со скулптурални бели фасади, кои имаат брановиден ефект и се испрекинати со големи прозорци.

Овој надворешен дизајн создава контраст со индустриската архитектура на соседната електрана, со што се прави јасна разлика помеѓу старото и новото.

Ентериерот е дефиниран преку две палети, едната е наречена Лондон, а другата ЛА.

6_resize

Лондонската палета се состои од метални завршни обработки и богати текстури кои имаат за цел да понудат индустриски изглед, додека палетата ЛА користи завршни облоги од светло дрво и светла шема на бои.

12_resize

Пешачка патека до Електричен булевар

На ниво на улица, зградите се надополнети со двокатни малопродажни објекти и поврзани се со пешачка патека, која низ локацијата води сè до новата главна улица, која го добила името Електричен булевар.

Помеѓу зградите е сместен веќе поменатиот Prospect Park, кој е проектиран од фирмата LDA Design, тимот на проектанти кои стојат зад пејзажот во Олимпискиот парк на Кралицата Елизабета во Лондон.

3_resize

4_resize

13_resize

8_resize 9_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top