Насловна / Архитектура / Daxia Tower: Нов проект на Zaha Hadid Architects во Сијан, Кина

Daxia Tower: Нов проект на Zaha Hadid Architects во Сијан, Кина

Zaha Hadid Architects (ZHA) го потпишува проект за кула наречена Daxia Tower, која се планира да биде изградена во срцето на Сијан, еден од најголемите градови во внатрешноста на Кина.

Сијан, со население од околу девет милиони, е историски важен како древен главен град и порта на Патот на свилата, а значително порасна во последниве години благодарение на владината поддршка и присуството на реномирани универзитети и истражувачки институции.

1

Така, градот стана раздвижен технолошки центар, привлекувајќи и национални и меѓународни компании, особено во области како што се производството на полупроводници, роботиката, воздушната и биофармацевтската индустрија.

Внатрешност преплавена со природна светлина

Daxia Tower се појавува во панорамата на градот со својата нежно заоблена силуета, а доминантни елементи на објектот се големите атриуми кои ја преплавуваат внатрешноста со природна светлина.

На овој начин се создава каскада од внатрешни тераси исполнети со зеленило. Овие атриуми нудат поглед на историскиот дел на градот на север и на исток, и на зоната на висока технологија во развој на југ и запад, објаснуваат од ZHA за DesignBoom.

3

Daxia Tower се наоѓа во центарот на високотехнолошката градска зона и завзема површина од 16.700 квадратни метри.

Издигнувајќи се на висина од 210 метри, зафаќа вкупна површина од 127.220 метри квадратни деловни простории, продавници и други пратечки содржини.

Формирајќи го срцето на деловната област на Сијен, кулата е проектирана со цел да се имплементира во изградена средина составена од бројни облакодери во кои се сместени седишта на компании, меѓународни хотели и станбени објекти.

Проектот на кулата има за цел да добие LEED Gold сертификат и највисока кинеска оценка со три ѕвезди во рамките на Програмата за зелена градба.

4

Застаклена фасада со високи перформанси

Објектот го оптимизира природното дневно осветлување и вентилација преку застаклена фасада со високи перформанси, намалувајќи ја побарувачката на енергија и зголемувајќи ја ефикасноста. Исто така, интегрираните сензори и фотоволтаични уреди овозможуваат производство на обновлива енергија.

Кулата ќе функционира со примена на природна вентилација, а бујните зелени тераси со поглед на атриумите помагаат во прочистување на воздухот, намалување на количината на загадување во затворените простории и промовирање на поздраво внатрешно опкружување.

2

Преку собирање дождовница и рециклирање на отпадни води, кулата ја минимизира потрошувачката на вода и имплементира одржливо управување со водата.

Паметниот системот за управување континуирано ќе ја следи и оптимизира потрошувачката на енергија, како и еколошките перформанси, со цел да се обезбеди максимална ефикасност, како и удобност за корисниците.

Испрати коментар

Scroll To Top