Насловна / Архитектура / Данска: Иновативни решенија за енергетска реконструкција на згради

Данска: Иновативни решенија за енергетска реконструкција на згради

Данска со крупни чекори граби кон својата цел да стане јаглеродно неутрална држава. Многу се вложува во енергетски реконструкции на зградите, како и во одржливо градење. Копенхаген е град кој предничи во тоа. После климатскиот парк, во план е реновирање и озеленување на станмените блокови. Но, во уште еден град забрзано се работи на реконструирање на старите згради кои стануваат подобри, поквалитетни и поубави места за живот.  Во градот Фредериксберг, зградата  Orsted Gardens Apartments, после адаптацијата станала речиси непрепознатлива. Имено, архитектонската компанија Tegnestuen LOKAL, од трошната зграда, можеби и најгрдата во квартот, направила една од најубавите објекти во овој град и најпожелно место за живеење.

orsted1

orsted2

На овој објект требало да се реновира фасадата, со цел водата да не продира во внатрешноста, а воедно требало да се намали и влијанието на бучавата од улицата. Наједноставно решение било зградата да се застакли, но наместо тоа, архитектите дизајнирале низа стаклени тераси. Овие тераси се поставени од надворешната страна, станарите имаат приватност, а просторот поттикнува на собирање и дружење, Стаклените делови на терасите можат да се поместуваат, така што терасите можат да бидат отворени и затворен, што значи дека можат да се користат и во текот на зимата.

Малите градини кои се поставени на овие тераси, дополнително влијаат на соијалниот живот на станарите, бидејќи сите грижливо внимаваат на билките кои се посадени. Вака уредените тераси влијаат врз квалитетот на воздухот. Овие згради, на крајот на 60-тите години ги проектирал и изградил Оле Хаген. Неговата работа е позната по доцната постмодернистичка, прагматична и високо рационализирана есстетика, која е лишена од детали и испакнатини кои се карактеристични за данските архитекти.

orsted3

orsted4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top