Насловна / Вести / Данска има политичка партија водена од вештачка интелигенција

Данска има политичка партија водена од вештачка интелигенција

Данска има политичка партија целосно водена од вештачка интелигенција, која планира да се кандидира на следните општи избори во јуни наредната година. Формирањето на партијата е покренато од данскиот уметнички колектив Computer Lars, нарекувајќи ја Synthetic Party.

syntetic1

Нејзините креатори велат дека партијата е замислена како одговор на апстиненцијата од гласање кај Данците. Имено, на последните општи избори гласале само 15%. Со обединување на сите пишани публикации од сите маргинализирани партии во земјата од 1970 година, оваа партија нуди политичка програма која ја претставува „политичката визија на еден обичен граѓанин“, рекле од Computer Lars. Целта е да се оптимира системот на гласање во Данска, појасниле од Computer Lars. Истовремено,  Synthetic Party претставува предизвик за стотиците маргинализирани партии кои постојат во Данска.  Имено, во Данска има 230 микро партии,  а ниту една од нив не собрала 20.182 потписи, колку што се потребни за учество на општите избори.

syntetic2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top