Насловна / Вести / Дали во иднина ќе може да се предвидат земјотреси?

Дали во иднина ќе може да се предвидат земјотреси?

Научниците веќе некое време ги проучуваат суптилните аномалии што се јавуваат во слоевите на Земјата. Дали може да им помогнат да предвидат земјотрес?

Сезмиолозите веќе некое време се запознаeни со феноменот на кратки и суптилни електромагнетни аномалии во подземните електронски полиња, кои се јавуваат дури и неколку недели пред земјотрес.

зем2_resize

Иако засега никој не знае што доведува до појава на овие аномалии, звучи примамливо претпоставката дека токму необичните електромагнетни пречки се клучот за предвидување на земјотреси.

Новите истражувања укажуваат на тоа дека причините се гасовите заробени под земја – кои бараат било каква пукнатина за да излезат на површината.

Гасовите се затворени во камена „пештера“ каде неподвижните камени слоеви кои го држат гасот затворен, почнуваат да се движат и да се отвораат под налетот на гас, пишува „Science Alert“.

Кога пештерата ќе „пукне“ и падне притисокот, метанот и јаглерод диоксидот, кои дотогаш биле затворени во подземните води, почнуваат да се шират и „експлодираат“.

зем1_resize

Ослободениот гас при излегувањето се наелектризирува со електрони испуштени од оштетените камени слоеви – што доведува до мешавина од гас под напон и создавање струја додека патуваат кон површината на земјата.

„Валидноста на резултатите ја потврдува хипотезата. Интеракцијата на оштетениот камен со гас, длабоко во земјината кора за време на квази-статички пукнатини, може да игра голема улога во создавањето на електромагнетни аномалии пред земјотресот”, навеле научниците во истражувањето.

зем_resize

Другите хипотези зборуваат за идејата дека самите камења можат да станат проводник на струја при доволно напрегање и висока температура.

Можностите за предвидување на потреси сè уште не се можни, но научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да предвидат земјотрес и тоа така што ќе следат електромагнетен сигнал на земјината струја.

Ова би било можно со поставување челични цевки за вода длабоко под земја, кои би служеле како одличен проводник за струја и би можеле да укажат на електромагнетни нестабилности длабоко под површината на Земјата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top