Насловна / Арт и дизајн / Далеководи како скулптури на животни – иновација во австриската мрежа

Далеководи како скулптури на животни – иновација во австриската мрежа

Традиционалниот дизајн на далеководите во Австрија не го предизвикале посакуваното ниво на прифатливост од страна на јавноста, па на иницијатива на Austrian Power Giants осмислен е проект кој ги трансформира електричните далеководи во симболи на хармонија помеѓу технологијата и природата. Концептот на далеководи во облик на скулптури на животни би можел да се имплементира во сите девет сојузни покраини на Австрија: Бургенланд, Корушка, Долна Австрија, Горна Австрија, Салцбург, Штаерска, Тирол, Ворарлберг и Виена.

На пример, штркот ја симболизира покраината Бургенланд, каде овие птици се враќаат секоја година, додека еленот ја претставува Долна Австрија, одразувајќи ги шумските алпски предели на тој регион. Овие два далеководи претходно се тестирани со цел да се провери нивната стабилност и техничка изводливост. Ваквиот пристап инспириран од природата има за цел да ја направи електроенергетската инфраструктура попристапна и поприфатлива за јавноста. Со трансформација на функционалните конструкции во регионални симболи,  Austrian Power Giants настојуваат да ја промовираат одржливата инфраструктура, да го зајакнат локалниот идентитет и да ги зголемат деловните и туристичките потенцијали ширум земјата. Концептот на Austrian Power Giants наишол на одобрување и во меѓународната дизајнерска заедница: угледно меѓународно жири го наградил проектот во Сингапур со Red Dot Award 2025 во категоријата Електрификација и декарбонизација. Минијатурните модели на Austrian Power Giants ќе бидат изложени во Red Dot Design Museum во Сингапур до октомври 2026 година, овозможувајќи им на посетителите одблиску да ја искусат иновативната фузија на дизајн, технологија и природа.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top