Погледнете ја целата епизода на „Engineer Cast“ со гостин Проф.д-р Зоран Кракутовски на тема: БРТ или лесно метро во Скопје?!
Се дискутира за иднината на градскиот сообраќај во Скопје преку анализа на два концепти за јавен превоз: БРТ (Bus Rapid Transit) и лесно метро. За капацитетот и пропусната моќ на БРТ системот, можностите за воведување лесно метро во урбана средина, влијанието врз постојната сообраќајна мрежа, време на патување, фреквенција и редовност, инвестициони и експлоатациони трошоци, одржливост и влијание врз животната средина.Разговорот е насочен кон реални сообраќајни параметри, инженерски стандарди и практични искуства, со цел да се даде јасна слика кој систем е пофункционален за Скопје на долг рок.
Проф. д-р Зоран Кракутовски e член на Катедрата за железници. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1987 година, магистрирал во 1995 година на Политехничката Федерална Школа во Лозана, Швајцарија, поседува диплома од докторски студии ДЕА – Транспорт од Високата школа за мостови и сообраќајници во Париз, Франција а докторирал во 2004 година на Универзитет Париз-12 –Вал де Марне- Франција. На прв циклус ги предава следните предмети: „Железници“ и „Проектирање железници“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Сообраќајна економија“, „Процена на проекти од транспортната инфраструктура“, „Железнички станици“, „Градење и модернизација на железнички пруги“на СП Градежништво- транспортна инфраструктура, како и „Транспортни системи“ на листата на УКИМ.
„Engineer Cast“ е нов медиум посветен на инженерството, градежништвото и инфраструктурата кој е добредојден во медиумскиот простор. Редакцијата му честита на тимот и посакува уште многу успешни проекти.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија