Насловна / Архитектура / „CSI-IDEA“ во Малага со вертикална градина на фасада

„CSI-IDEA“ во Малага со вертикална градина на фасада

Сместена во Малага, Шпанија, оваа необична градба која изгледа како дрво проектирана е со намера да послужи како пример за одржлива градба за идните проекти.

Во повеќето европски земји на сила е закон според кој сите нови згради изградени по 2020 година мора да се стремат кон самоодржливост и еколошки дизајн, што подразбира дека вкупната количина на енергија потрошена за функционирање на објектот на годишно ниво треба да да биде приближно еднаква на количината на обновлива енергија што објектот може да ја произведе.

7

12

Таканаречените „net-zero“ згради најчесто користат енергија од сонце и ветер, со генерално намалување на потрошувачката на енергија за осветлување, греење, ладење и вентилација со користење на современи технологии. Ваквите згради последователно произведуваат помалку стакленички гасови.

1

Шпанската архитектонска компанија „Еzar“ и архитектот Juan Blazquez сакале да го покажат потенцијалот на таквиот дизајн со создавање на уникатната зграда „CSI-IDEA“ во Малага. Она што е импресивно е тоа што зградата произведува и повеќе енергија отколку што и е потребно.

4

3

Зградата ги користи принципите на пасивен дизајн, што е еден од суштинските елементи на одржливата градба. Пасивниот дизајн користи природни извори како што се сонцето и ветерот за загревање и ладење на внатрешноста. Ова е овозможено со правилна ориентација на зградата и внимателен избор на материјали и проектирање на покривот, ѕидовите и прозорците на зградата.

5

Материјалите што се користени за изградба играат важна улога во намалувањето на негативното влијание врз животната средина. Користени се рециклирани материјали, како и материјали кои можат да се рециклираат за идна градба. Посебно внимание е посветено и на тоа материјалите и завршната обработка да бидат нетоксични.

11

Вертикалната градина на фасадата е уште една впечатлива карактеристика на зградата. Покрај изгледот, вегетацијата на фасадата обезбедува и подобра изолација на објектот.

Од архитектонското биро наведуваат дека зградата произведува помалку стакленички гасови, како и дека е намалена потрошувачката на вода. Благодарение на собирањето на дождовница, „CSI-IDEA“ користи 50 отсто помалку вода од обична зграда. Проектирана е и да рециклира 75 отсто од отпадот што се создава во зградата.

2

6

8

9

10 14 15 16 13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top